Воената диета се користи кога се сака за кратко време да се загуби вишокот на килограми. Оваа диета е веќе со години спас за сите оние безгрижни луѓе кои сакаат да јадат и да не размислуваат за последиците. При самото сознание дека со неа за само 3 дена можат да се загубат и до 5 килограми, таа станува се попозната. Иако не е здрава, искуствата покажуваат дека и понатаму е на листата на 10 најпопуларни диети. Тоа е затоа што дава брзи резултати, а не се потребни скапи намирници, суплементи ниту броење калории. Меѓутоа, многу е важно диетата ригорозно да се спроведува, бидејќи и најмала промена во неа ќе даде лоши или никакви резултати.

 

Мени на воената диета

 

Прв ден

 

Појадок: Еден филџан топол напиток (кафе или чај), парче препечен тост (интегрален е подобар), 2 лажички путер од кикиритки и половина грејпфрут
Ручек: Половина филџан туна, едно парче тост, кафе или чај
Вечера: 80 грама било кое немасно месо или пилешко, еден филџан зелена боранија, половина банана, мало јаболко и еден филџан сладолед од ванила

 

Втор ден

 

Појадок: Јајце, половина банана, парче тост
Ручек: Еден филџан свежо сирење, едно тврдо варено јајце и пет солени крекери
Вечера: Две виршли (без леб), еден филџан брокула, половина филџан рендан морков, половина банана и половина филџан сладолед од ванила

 

Трет ден

 

Појадок: Кафе или чај со една до две лажички засладувач, пет солени крекери, 26 грама сирење и едно помало јаболко
Ручек: Tврдо варено јајца и едно парче тост
Вечера: Еден филџан туна, половина банана и еден филџан сладолед од ванила

 

 

Воената диета не мора да биде здодевна

 

Факт е дека воената диета има едноличен план на исхрана. За оние кои оваа диета би ја држеле на повеќе наврати може да биде многу опасноа, па и здодевно, постојано да јадат исти намирници. Ова се некои трикови кои можат да помогнат да се прошара менито на оваа диета.

 

Замена за грејпфрут

 

За да го замените грејпфрутот, измешајте 1/2 чајни лажички сода бикарбона во една чаша вода. Испијте ја најмалку 30 минути пред јадење. Можете да изедете и некое друго овошје за оброк. Пожелно е тоа да биде некое цитрусно овошје.

 

Замена за двопек

 

  • 30 гр. сончоглед
  • 1/2 протеинско чоколатче
  • 120 мл. немасен јогурт со една лажичка ленено семе
  • 150 мл. нутритивен заменски оброк

 

Замена за туна

 

  • Младо сирење
  • Варено пилешко
  • Тофу сирење
  • Бадеми, кикиритки
  • Ленено семе, семки од тиква

 

Замена за сладолед од ванила

 

  • Млеко со вкус на ванила или јагода (никако чоколадно млеко!)
  • Немасен јогурт со мала количина насецкано овошје
  • Сок од јаболки
Замена за виршли

 

  • Вегетаријански виршли или соини виршли
  • Скараџиска колбасица
  • Кој било вид грав или леќа (120 грама)

 

Замена за банани

 

  • 1 киви, 140 грама папаја или 2 сецкани кајсии се одлична замена за половина банана

 

Замена за јајца

 

  • 2 парчиња сланина
  • Чаша млеко
  • 1 пилешко крилце

 

Замена за младо сирење

 

  • 60 грама кашкавал
  • 2 јајца
  • 2 парчиња шунка

 

Со оглед на тоа што функционира според принципот на хемиско разградување, намирниците не можат да се заменат со друга по желба (може само гореспоменатите замени), бидејќи може да пропадне целиот труд. Од зачините дозволен е црниот пипер и солта. Ништо друго. Секој ден се јаде во исто време, без разлика на тоа дали сте или не гладни. По трите дена се враќате на нормална исхрана, па ако сакате, можете да ја повторите. За време на диетата се препорачува вежбање.

 

 

Тагови: воена диета
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина