Соодветната хидратација е неизмерно важна за секое живо суштество, вклучувајќи го и човечкиот организам кој се состои од 70 % вода. Водата во организмот ги одржува клетките во телото и правилното функционирање на органите, а нејзиниот недостаток првично се манифестира со следните симптоми : жед, вртоглавица, замор, главоболка, недостаток на концентрација, а подоцна, кога веќе здравјето е загрозено, симптомите се : треска, топлотен удар, замор, отечен јазик, вртоглавица, па дури и смрт. Не смееме да заборавиме дека дехидрацијата веќе настапила кога се појавува жедта- треба да се пие вода цело време, да не дојде да сме жедни.

Во нормални услови, на човечкото тело секојдневно му се потребни два литри течност, и тоа течности, како незасладен чај, вода, минералната вода и супа. Имајќи предвид дека со конзумација на нутриционистички богати намирници внесуваме и до 20-30% течности, тогаш можеме да кажеме дека сме доволно хидрирани.

Доколку се наоѓаме во потопол дел од годината, кога температурите се повисоки и засилено се потиме, внесувањето на течности мора да биде уште поголемо. Не смееме да заборавиме во летниот период, освен обична вода, да конзумираме и храна богата со минерали, кои ќе ги надоместат минералите во телото изгубени со потењето . Ова најдобро се постигнува со конзумирање свеж и варен зеленчук, риба, пилешко и мисиркино месо, но пред се, со супа од зеленчукук, месо и риба и кои не смеат да бидат премногу солени, за да не ги оптоварат бубрезите.

 

 

 

 

 

Посебна приказна се спортистите, кои се изложени на зголемени напори, особено доколку се натпреваруваат или тренираат на повисоки температури. Спортистите во текот на летото, може да изгубат и до 4 килограми, и тоа само преку потење. И додека некогаш советите за избегнување на течности за време на вежбање беа златно правило, денес тоа е променето. Лекарите советуваат задолжително земање на вода или изотонични пијалоци за време на вежбањето , во мали голтки по неколку пати, пред се за да се избегне дехидрација , но следствено, и за да нема послаби резултати.

За секој половина килограм изгубен во текот на вежбањето, треба да се испијат 2 чаши, или 4 dl вода за да ги надоместиме изгубеноте течности. Колку сме хидрирани најдобро можеме да процениме врз основа на бојата на урината. Доколку урината е со темно жолта боја, ни недостигаат течности , а доколку е од бледо жолта до прозирна боја, нашите потреби во однос на течностите се задоволени.

Во почетокот, кога ќе почнеме да пиеме повеќе вода, почесто ќе одиме во тоалет додека телото се навикнува на поголема количина на течност , а потоа ќе одиме во тоалет на секои 2 до 4 часа, што, воедно, ќе значи дека вода не ни недостасува. Два часа пред тренингот, потребно е да испиеме 2 чаши вода , а пет минути пред тренингот, треба да се испие уште една чаша од 2-2,5 дл. За време на вежбањето, на секои дваесет минути испијте 2,5-3 dcl течност. Доколку ги броите потрошените калории , ќе ви помогнат препораките на докторите кои советуваат дека за секои 1.000 потрошени калории потребно е да се надокнади со литар вода.

 Амбалажа

 

 

 Иако водата е еден од најздравите избори за пијалок, амбалажата во која се наоѓа не е баш секогаш најсреќен избор. Секое пластично шише на себе мора да содржи етикета што означува од какви состојки е составена амбалажата. Со оглед дека поголемиот дел од шишињата се направени од “лоши” пластики, ќе ги споменеме само добрите – PP i HDP (HDPE) .

 Посебно внимавајте на пластичните шишиња , кои имаат ознака PC (или немаат ознака), бидејќи од нив обично се произведуваат шишиња наменети за спортисти (и бебиња) . Шишињата од минерална или обична вода, ледениот чај или безалкохолните пијалоци се штетни, затоа што со повеќекратното полнење го зголемуваат ослободувањето на штетни материи кои предизвикуваат рак, дебаланс на хормони и неплодност, собираат на себе зголемен број бактерии, па можат да предизвикуваат и бактериски инфекции. Значи, за време на вежбањето не користете секогаш исто пластично шише од вода, ако ја купувате , доколку ја полните од дома, ставете ја во шиши направено од пластика безбисфенол А и други штетни состојки, но истовремено и птрактично и пгоддно одржување.

Квалитет на водата

 

 

Последно нешто на што треба да се обрне внимание, е секако квалитетот на водата што ја пиеме. Се поголемото загадување на животната средина допринесе до неможност да се пие водата од некои извори и во големите градови. Во лето, поради суша, водата е хлорирана до таа мера што е непрозирна. Избегнувајте ја оваа вода за пиење. Наместо тоа, одлучете се за флаширана вода во стаклено шише, чај или изотоничен пијалок кои нема штетно да му делуваат на организмот.

 

 

И не заборавајте на најважното правило – кога ќе се почувствувате жедни вие веќе сте дехидрирани, затоа пијте вода на време!

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.