Иако јаткастите плодови се поздрава верзија на грицките, претерувањето со нивното консумирање може да доведе до несакани последици, како што се дебелеење, проблеми со варењето, губење на косата и кршливи нокти. Семките и јаткастите плодови моментално се многу популарна храна и сите не поттикнуваат да ги јадеме што повеќе и со нив да ги замениме нездравите грицки. Овие плодови се полни со омега 3 – масни киселини, а со оглед на тоа дека се богат извор на белковини, влакна и позитивни масти, подолго време не држат сити. Се смета дека го намалуваат ризикот од срцеви болести, а некои истражувања покажале и дека го намалуваат ризикот од рак и штитат од дијабетис. И покрај тоа што се поздрави од чипсот и другите грицки по кои посегнуваме многу често, многу малку се спомнува за негативните последици од нивното консумирање.

Брзо дебеелеење

Ако претераме со јаткастите плодови, како и со другите намирници, последицата од тоа е иста – дебелеење. Имено, овие плодови имаат повеќе калории и се полни со мрснотии, па така 100 грама ореви има вкупно 654 калории, додека 100 рама лешници – 628. И двата плодови имаат низа здравствени бенефити, но се препорачува да се изедат само 30 грама дневно од било кој од нив.

Пролив, надуеност и гасови

Со оглед на тоа што јаткастите плодови се богат извор на влакна, во умерени количини тие помагаат за регулација на варењето и го поттикнуваат слабеењето. Но, ако во вашата исхрана немало доволно влакна, шокот од големата количина влакна кои ќе ги внесете со јаткастите плодови може да резултира со проблеми со варењето, како што се проливи, надуеност и гасови. Ова особено се појавува при консумирањето на сирови јаткасти плодови, а причината за тоа се состојките како што е фитинската киселина. Оваа киселина се врзува со минералите, како калциумот, магнезиумот и цинкот, и ги прави невозможни за варење. Најголем прблем од фитинската киселина е тоа што за себе го врзува и железото, поради што може да дојде до недостиг на железо во организмот, односно до слабост и анемија.

Губење на косата и слаби нокти

Ако дојде до вакви симптоми, значи дека дошло до труење со селен. Имено, бразилските ореви се богати со селен, кои има свои здравствени бенефити, но на нашиот организам му се доволни само еден до два вакви ореви дневно за да ја внесеме дневната доза на селен.

Труењето со селен доведува до симптоми како што се кашлање, здив кој мириса на лук, мачини, повраќања, проливи и грчеви. Раните симптоми вклучуваат и опаѓање на косата, како и нејзинот кршење, но и кршливи нокти. На невролошко ниво се појавуваат замор, раздразнетост, емоционална нестабилност, па дури и рамнодушност.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина