Ако патите од несоница, бидете внимателни со земањето таблети за спиење, бидејќи создаваат двоен ризик за настанок на деменција, предупредуваат стручњаците од Универитеот Бордо, Франција.

 

Врз основа на објавените дводецениски истражувања, било утврдено дека оние кои се постари од 65 години и кои земаат таблети за спиење на база на бензодијазепин имат двојно поголем ризик од заборавност.

 

Ова тврдење го поткрепуваат податоците за испитаниците од истражувачкиот период кои уште од тогаш заболувале од деменција, посебно оние кои заминале во пензија, а кои не биле активни на никаков начин. Инаку, оние кои се во пензија овие таблети ги користат поради несоница, како и анкциозност.

 

Меѓутоа, и покрај разбивање на стравовите и воспоставување сон, овие таблети можат да бидат причинители за напад на паника, проблеми со помнењето, па дури и прерана смрт, предупредуваат научниците.

 

Тоа се случува затоа што внесените безодијазепини го менуваат начинот на кој нервите ги пренесуваат пораките до мозокот и делуваат смирувачки. Тие, всушност, влијаат на работата на невротрансмитерите кои се задолжени за расположението, доведувајќи притоа и до појава на деменција.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина