Ризикот од внатрешно крварење при терапија со аспирин кај пациенти кои имаат преживејано срцев или мозочен удар се има зголемено значително по минувањето на 75-та година, но тој може да се намали со земањето дополнително лекови.

На постарите луѓе им се препорачува земањето аспирин за подобра циркулација и за превенција од срцев удар. Сепак, се чини дека ова е сосема погрешен став. Имено, земањето аспирин за таа цел кај постарите луѓе може да биде смртоносно, бидејќи го зголемува ризикот од крварење, покажува најновата студија.

Дури 40% од постарите луѓе на 65 години редовно земаат аспирин за омекнување на крвните жили и за подобар проток на крвта, но се чини дека таа пракса повеќе штети отколку што е полезна. Ризикот од потенцијално смртоносно крварење во таа група луѓе е за повеќе од 10 пати поголем отколку кај помладите пациенти, е заклучокот до кој дошло истражувањето спроведено на универзитетот Оксфорд.

Постарите од 75 години во икој случај не смеат да земаат аспирин без дополнителен лек, т.н. инхибитор на протонската пумпа, советуваат стручњаците.

Истражувањето е спроведено над 3166 пациенти кои имаат преживејано срцев или мозочен удар, а као терапија за циркулација земаат аспирин. Половина од испитаниците биле постари од 75 години на почеток на набљудувањето, кое траело 10 години. Во текот на тој период, 314 пациенти биле хоспитализирани поради внатрешно крварење.

“Ризикот е особено висок за оние кои се над 75 години, додека за оние помладите тој исто така постои, но е значително помал. Меѓутоа, но и пациентите од првата група можат да го намалат тој ризик со земањето соодветен дополнителен лек – инхибитор на протонската пумпа”, објаснува професор Питер Ротвел.

Истражувањето не докажало дека за зголемен ризик од внатрешно крварење е виновен исклучиво аспиринот, но е факт дека дури половина од хоспитализираните крвареле токму поради овој лек.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина