Препаратите за убавина со активен јаглен станаа омилени меѓу женскиот пол штом се појавија, посебно маските за лице за отстранување на нечистотиите и средствата за избелување на забите. Во меѓувреме, популарно стана и разубавување на телото одвнатре, односно детоксификација на организмот со активен јаглен. И, додека е се поголем е бројот на оние кои го земаат овој црн прав во капсули како и дневната доза на витамини, на своја рака, се поставува прашањето што всушност тој му прави на нашето тело.

 

Нема докази дека ги исфрла отровите

 

Активниот јаглен настанува со палење на природни состојки, најчесто кокосови лушпи, на високи температури, а структурата му е таква што како магнет привлекува се околу себе. Овој јаглен не се апсорбира во дигестивниот тракт, туку минува низ него и преку столицата носи се што има попат собрано. Од тука е идејата дека активниот јаглен треба редовно да се зема за да можеме  да се ослободиме од штетните материи кои свесно или несвесно ги внесуваме и како со самото тоа да бидеме поздрави и да пресретнеме многу болести. Сепак, стручњаците велат дека не постојат никакви научни докази дека активнот јаглен навистина ги отфрла отровите од организмот, бидејќи нема истражувања за неговото редовно превентивно консумирање. A тешко и дека и ќе ги има, токму затоа што активниот јаглен не се апсорбира во телото, туку минува преку системот на органите за варење. Тој притоа за себе може да врзе и од телото да го исфрла само она што ќе го собере од желудникот и тенкото црево. Сите други штетни материи кои, да кажеме, ги вдишуваме, остануваат вон дометот на оваа црна прашкаста материја.

 

Освен тоа, многу е важно и тоа што активниот јаглен со себе ги привлекува нутритиентите, витамините и минералите и ги носи сос ебе од желудникот и понатаму низ телото, не само штетните материи. Така на себе можеме само да си направиме повеќе штета отколку полза, а покрај тоа не постојат никакви официјални препораки за тоа како и колку треба да се консумира. Активниот јаглен никако не смее да се зема ако се користат какви било лекови, бидејќи влијае врз нивната апсорпција и со тоа им го намалува делувањето.

 

Покрај тоа, стручњаците сметаат дека на нашето тело не му е потребна никаква помошна детокс метода, затоа што бубрезите и црниот дроб се наши филтри. Под услов тие да работат како што треба, ништо друго не ни е потребно. Затоа активниот јаглен е најдобро да се одбегнува или барем да се консултира доктор, посебно ако е веќе препишана некаква терапија.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина