trening_1

Спортот пред шестата година за детето треба да биде забава, вистинскиот тренинг има смисла дури после 11-тата година.

Со желба децата уште од мали нозе да се вклучат во спорт, за правилно да се развијат и да стекнат здрави навики, родителите често се прашуваат на кој начин и со кој интензитет, па дури и на кој спорт да ги запишат своите деца. Експертите го препорачуваат канадскиот модел за долгорочен спортски развој кој подразбира седум фази на тренинг и натпреварување, во согласност со физичкиот, менталниот и емоционалниот развој.

Експертите за спорт и медицина велат дека доколку не се работи за спортски тренинг со цел постигнување на врвни резултати, туку физичка активност и вежбање за подобро здравје и контрола на телесната тежина, физичката активност не треба да биде со висок интензитет за да се постигнат и повеќе од доволни ефекти. Само редовната, доволно интензивна и доволно долга, правилно избрана физичка активност или вежба позитивно влијание врз растот и развојот на физичките способности на човекот .

Канадскиот модел препорачува децата уште од најмала возраст да бидат вклучени во игра која вклучува различни движења на телото, а вистинскиот тренинг да почне дури околу 11-тата година. Подготовките за учества во натпреварувања се препорачува дури по 15-тата година.

1.Активен почеток

Девојчињата и момчињата на возраст до шест години треба да бидат вклучени во релативно неструктурирана игра со различни движења на телото. Тоа го поттикнува развојот на мозокочните функции, координација, социјални вештини, груби моторни вештини, емоции, лидерски способности и имагинација. Исто така, тоа на децата им помага да развијат самодоверба, правилно држење на телото, рамнотежа, да ги зајакнат коските и мускулите, го промовира одржувањето на оптимална телесна тежина, способноста за движења …

2.Основи

Девојчињата на возраст од 6-8 години и момчињата на возраст од 6-9 години треба да учествуваат во различни добро-структурирани активности кои ги развиваат основните вештини, односно способности. Овие програми би требало да бидат фокусирани на забава, додека формалното натпреварувања треба дабиде сведено на минимум.

trening_2

3.Тренирање за натпреварување

Кога девојчињата на возраст од 8 до 11 години, односно момчињата на возраст од 9-12 години влегуваат во период на брз раст, тие се подготвени за тренинг на многу поформален начин. Акцентот е сèуште ставен на развивање на општите физички способности. Прекумерното тренирање и натпреварување само во еден спорт, како и раната специјализација и рано дефинирање на позициите во тимските спортови, може да му штети на развојот во подоцнежните фази на развој доколку детето се занимава со спортови кои бараат подоцна специјализација.

 

4.Подготвка за тренинг

Оваа фаза ја опфаќа возраста на која започнува и завршува наглиот развој. Кај девојчињата тоа е од 11-тата до 15-тата година, а кај момчињата од 12-тата до 16-тата година. Во оваа фаза тие веќе ги имаат стекнато основните вештини и тактики специфични за нивниот избран спорт. Играат за да победат, но потребно е најмногу време да се посвети на тренингот за вештини и физички развој. Овој пристап е пресуден за развој на врвни спортисти, како и за долгорочно занимавање со спорт.

5. Тренирање за натпреварување

Во зависност од видот на спортот, варира и возраста во која занимавањето со спортот станува и посериозно. За девојките тоа е периодот од 15-тата до 21-вата година, а за момчињата од 16-тата до 23-тата година. Младите можат да изберат или да се специјализираат во еден спорт и да се впуштат во натпреварувања, или да продолжат да се занимаваат со тој спорт на рекреативно ниво. Изборот на натпреварувачкито занимавање со спорт подразбира голем обем и висок интензитет на тренирање во текот на годината.

6.Тренирање за победа

Талентираните елитни спортисти на возраст од 18 години за жени и 19 години за момчиња влегуваат во фаза во која се подложени на најинтензивни тренинзи соодветни за спортисти на меѓународно ниво.

7. Активни за цел живот

Всушност, во оваа фаза може да се влезе на било која возраст. Според моделот за долгорочен спортски развој, доколку децата на правилен начин се воведат во спортот активен почеток, основите и програмите за учење на тренирањето, ќе ги имаат неопходните моторни вештини и самодоверба, основна физичка писменост за да останат активни во текот на целиот живот во било кој спорт.