Вистинска храна за сите болести
Начинот на исхрана и изборот на намирници се менувале низ вековите и се уште се менуваат. Се чини дека добро познатата ,,пирамида на правилна исхрана,, на сите нам во денешно време ни е малку подзаборавена. Наместо неа, денес се повеќе се зборува за препораките базирани на фактот дека сите ние сме различни и дека врз основа на тоа изборот на намирници и нашата исхрана треба да бидат прилагодени на индивидуалните физиолошки карактеристики и здравствената состојба.
Ако се придржуваме до тоа, велат нутриционистите, храната ни станува сојузник и лек. Еве како да се одберат намирниците кои одговараат и на нашите слаби точки.
Намирници за поттикнување на работата на мозокот
- Зелениот зеленчук, како што се кељот, брокулата или грашокот се добар избор на магнезиум, кои им помагаат на главните мозочни рецептори за меморија.
- Сина риба – Ако ја јадете барем еднаш неделно (лосос, скуша, харинга или туна), можете да го забавите губењето на помнењето.
- Добри маснотии – Незаситените или добри масти од маслиновото масло, јаткастото овошје и семките го оддржуваат моозкот ,,паметен,,.
- Исфрлете го алкохолот – Тој ги уништува мозочните клетки, па неговото често консумирање сигурно ја поттикнува заборавеноста.
Храна против зголемен шеќер во крвта
- Цимет – Ги стимулира рецепторите на инсулинот и споособноста на клетките да ја користат гликозата.
- Спанаќ и слично овошје – изобилуваат со антиоксиданси, како што се витаминот Ц, бета-каротенот, полифенолот и магнезиумот, чии биоктивни компоненти делуваат противоспалително, посебно кога се работи за ублажување на хронични болести, како што е дијабетесот.
- Грејпфрут – Хемиските супстанции кои ги има грејпфрутот, како и другото цитрусно овошје, а кои им даваат горчлив кус, делуваат поволно врз нашето здравје.
- Бадем – Го ублажува растот на нивото на гликозата во крвта по оброк и го снабдеува организмот со антиоксиданси, кои го спречуваат настанокот на штетниот холестерол.
За намалување на висок крвен притисок
- Бобинки – Антиоксидансите од боровинките, малините, јагодите и црните рибизли ја намалуваат можноста за развој на хипертензија.
- Лук – И научниците имаат потврдено дека лукот го намалува крвниот притисок.
- Интегрални житарки – Триците и другите интегрални житарки можат да го намалат високиот крвен притисок, а рафинираните не се препорачливи.
- Чоколада – И чоколадата треба да се вброи во менито за здравје на срцето и крвните садови, но важно е да се одбере вистинскиот вид. Црната чоколада има повеќе какао, а помалку шеќер, масти и калории, со повеќе корисни антиоксиданси.
Намирници кои делуваат поволно врз работењето на црниот дроб
- Моркови – Овој портокал зеленчук го поттикнува делувањето на ензимите кои делуваат во детоксикацијата на црниот дроб и на тој начин го штити од болести.
- Лук – Извор на природни супстанции е, кои содржат сулфур, а кои црниот дроб ги користи во процесот на детоксикација. Тој помага во исфрлање на живата и на одредени прехранбени адитиви во организмот.
- Горчлив и зелен зеленчук – Горчливиот вкус ја стимулира жолчката за остранување на токсините и штетните микроорганизми. Зелениот лисјест зеленчук е одличен извор на хлорофил, кој учествува во прочистувањето на црниот и крвта, како и на антиоксидансите кои го штитат црниот дроб од делувањето на слободните радикали.