Стриите се оштетувања, односно пукнатини на кожата во облик на тенки и дебели линии, кои настануваат како последица на нагло и брзо растегнување на ткивото. И, додека на појавата на стриите делумно можеме да влијаеме, кога веќе ќе ги видиме на кожата најчесто е веќе доцна за тоа. Овие се трите најважни работи за стриите кои секоја жена треба да ги знае.

Стриите не можете во целост да ги отстраните

За разлика од поблагите гребаници, чии лузни по некое време целосно исчезнуваат, стриите е невозможно да се ,,избришат,, целосно од кожата. Иако на пазарот постојат бројни третмани кои гарантираат успех, единствено што тие можат да направат е да ги закамуфлираат. Третманите можат да ја променат текстурата на лузните, да ги посветлат стриите, да ги измазнат и да ја намалат нивната видливост, но тие и понатаму ќе останат на кожата. Исто така, треба да се има на ум дека за добивање позитивни резултати потребни се неколку месеци и да се направат голем број третмани, што може да биде многу скапо.

Кремите и лосионите имаат незначителен ефект

И, додека со квалитетна и доследна подготовка на кожата со креми, лосиони и масла за тело може да се спречи настанокот на стрии, во мигот кога тие ќе се појават на кожата, препаратите од овој вид не се толку ефикасни колку што ветуваат рекламите за нив. Имено, тие можат да ја измазнат кожата, да ја нахранат и освежат, што може да ги направи стриите да бидат помалку видливи, но нема во целост да ги остстранат и тие и понатаму ќе останат на кожата.

Нема спас од постарите стрии

Стриите под име striae alba, кои сме ги добиле во текот на растењето или при нагла промена на телесната тежина, е речиси невозможно да се закамуфлираат, и едноставно мора да ги прифатиме како дел од нашето тело. Затоа, пак, штотуку настанатите стрии, кои најчесто се јавуваат во текот на бременоста, се уште можат да се скријат визуелно. Станува збор за стрии кои се викаат striae rubra, кои, поради бројните видливи капилари, имаат црвена и виолетова боја. Ваквите ,,свежи,, стрии можат ефикасно да се ублажат со ласерски третман, кој ќе ја острани видливата боја и кој максимално ќе ги измазни штотуку настанатите пукнатини на кожата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина