Маснотиите се важен извор на енергија, кои ги обезбедуваат основните масни киселини потребни за правила работа на организмот. Еве некои од најважните кои најмногу се користат:

Свинска маст

Како се добива: Постојат две варијанти. Мокра, кога масното ткиво се топи во врела вода, а маста се собира на површината, и сува, кога масното ткиво се топи со пржење и од остатокот се добиваат џимиринки. Стопената маст потоа се прочистува низ сито и се лади. Од брзината на ладење зависи нејзината текстура.
Основен состав и квалитет: Свинската маст содржи 40% заситени масни киселини (најзастапени се стеаринската и палмитинската), 50% мононезаситени масни киселини и 10% полинезаситени масни киселини. Богата е со витамин Д.

Маслиново масло

Како се добива: Маслиновото масло со најдобар квалитет и вкус, се добива од рачно набрани плодови маслинка и ладно цедење. Удделот на масло во плодот варира, а најчесто изнесува околу 20%. Постојат повеќе од 1.000 различни видови маслинки од кои се добива маслото.
Основен состав и квалитет: Маслиновото масло има висока содржина на незаситени масни киселини со нагласок на олеинската масна киселина, а полифеноли како олеуропеинот му ја даваат карактеристичната горчина. Содржи антиоксиданси токофероли (витамин Е), каротеноиди (витамин А), како и хлорофили.

Сончогледово масло

Како се добива: Се добива од семките на сончогледот и може да се најде како ладно цедено и како рафинирано.
Основен состав и квалитет: Содржи висок уддел на витамин Е, природен антиоксиданс, има благ вкус и мирис, а дополнителна неутралност се постигнува со рафинирање. Во себе има незаситени масни киселини и во зависност од удделот е одличен извор на омега-6 масните киселини.

 

Путер

 

Како се добива: Производството на путер вклучува два клучни чекори: производство на павлака со сепарација на млечните масти од млекото, сурутката или маштеницата и преработка на павлаката во путер со механички методи на обработка.
Основен состав и квалитет:  По својот состав путерот е концентрирана млечна маст, со мало присуство на вода и други состојки, т.н. немасни цврсти материи (протеини, лактоза, минерални материи и витамини А, Д и Е). Богат е и со масни киселини со краток и со средно долг синџир.

Масло од тиква

 

Како се добива: Со пресување на семки од тиква. Удделот на маслото во семките е околу 30%.
Основен состав и квалитет: Ладното пресување му дава премиум квалитет на маслото од тиква. Има широка палета на масни киселини во однос на маслиновото масло – содржи памитинска, олеинска, стеаринска и линолна масна киселина. Поради содржината на растителни пигменти каротеноиди и хлорофил има препознатлива темнозелена боја со црвен отсјај. Има интензивна арома, која се добива со пржење на семките пред процесот на пресување.

Сусамово масло

 

Како се добиваСе добива со екстракција на семето од сусамот со метод на ладно пресување. Удделот на маслото во семето е повеќе од 50%.
Основен состав и квалитетДеликатесно масло е со богата нутритивна вредност кај која речиси половина од масните киселини се незаситени, а е богато со витамините Е и К.

Кокосово масло

 

Како се добиваСо студено пресување на пулпата на плодот на кокосот.
Основен состав и квалитет: Содржи исклучително висок уддел на заситени масни киселини, дури 90% и затоа на собна температатура е во цврста состојба. Од заситените масни киселини најмногу содржи средно синџирести масни киселини (75-80%), од кои најпозната е лауринската. Токму затоа е лесно сварлива, бидејќи полесно се апсорбира во цревата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина