Оваа популарна мешунка се одгледува во Кина повеќе од десет илјади години, а поради мноштвото нутритивни и лековити својства била сметана за свето растение. Сојата стигнала во Европа во 18 век и од тогаш е предмет на бројни истражувања кои, меѓу останатото, покажала дека ги содржи сите есенцијалални аминокиселини и дека нејзините протеини можат да се мерат со белковините од животинско потекло. Освен тоа, таа е одличен извор на витанимите Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), а богата е и со минерали, како што се калиум, железо, манган,сулфур, бакар, бор, молибден, јод, кобалт и цинк. Сојата е карактеристична по поволниот однос на калцИумот и фосфорот, содржи дури 85% незаситени масни киселини и поголема количина фитоестрогени – растителни хормони. Благодарение на ваквиот состав, сојата важи за една од најздравите намирници во светот, но најновите истражувања покажуваат дека доколку се консумира подолго време и во преголеми количини, некои нејзини состојки можат да делуваат штетно врз организмот, независно од тоа дали се работи за органско производство или за генетски модифицирано растение (ГМО). Запознајте се со вистините и заблудите во врска со оваа распространета мешунка.

Добра замена  за месото

Точно: Бидејќи ги содржи сите есенцијални аминокиселини како и намирниицИте од животинско потекло, сојата навистина е добра замена за месото, под услов да се користи умерено. Претераната нејзина употреба предизвикува блокирање на ензимите кои се важни за разградување и искористување на протеините. Ова може да предизвика проблеми во варењето, нецелосно разградување на протеините од храната и хроничен недостиг на аминокиселини во организмот.

Кинеските и Јапонките помалку заболуваат од рак и остеопороза, затоа што во нивната исхрана повеќе е застапена сојата

Неточно: Пред се, сојата не претставува најголем дел од јапонската или некоја друга азиска кујна и во тие делови од светот воглавно се користи во вид на производи кои ферментираат три до пет години. Исхраната кај овие народи е многу разновидна, изобилува со зеленчук и риба и вклучува многу мала количина индустриски преработени намирници, што, генерално, е најдобрата превенција против канцер. Од друга страна, многу се поделени мислењата дали сојата го спречува или дури го стимулира настанувањето на ракот на дојката. Во секој случај, ако постои генетска предиспозиција за овој вид на малиген тумор, се препорачува оваа мешунка да се исфрли од исхраната. Што се однесува до остеопорозата, истражувањата покажале дека фитинската киселина, состојката во сојата, ја спречува апсорпцијата на минералите магнезиум, бакар, железо и цинк, посебно на калциумот, поради што не влијае позитивно на цврстината на коските. Во исхраната на азиските народи застапени се морски плодови, а наместо маргарин, природен путер, која заедно со изложувањето на сонцето обезбедува доволно витамин Д и така го јакне скелетот. Неодамнешната спроведена студија во која учествувале жени во раните дваесетти години покажала дека групата испитанички кои подолг период консумирале тофу (сирење од соја) немале погуста коскена маса од оние кои не го јаделе.

Помага во превенција од срцевите заболувања

Точно: Некои состојки во оваа мешунка го поттикнуваат лачењето на ензимите во црниот дроб кои се одговорни за разложување на мастите во крвта. Сојата влијае врз зголемувањето на добриот ХДЛ холестерол, а го намалува лошиот холестерол ЛДЛ, што значи дека го спречува таложењето на мастите на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа и појавата на срцевите заболувања.

Го намалува ризикот од рак на машката полова жлезда.

Точно: Во едно истражување бил откриено дека мажите кои веќе биле заболени од оваа болест, а кои почнале да ја користат сојата во исхраната, имале видно подобрена состојба.

 

Тагови: месосоја
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина