makrobiotska_1

Резултатот на макробиотичката исхрана е здрав живот. Сепак, оној кој сака да се храни на овој начин мора да ги знае принципите на макробиотичката исхрана. Во спротивно, таа ќе биде штетна по здравјето.

Макробиотиката е начин на живот, таа не е само исхрана, туку систем на размислување и избор на она што е најдобро за вас. Оттука, луѓето кои живеат на овој начин многу внимаваат на изборот на намирниците, нивната подготовка и обработка.

Нутриционистите велат дека мкробиотиката е заснована на билна исхрана, житарки, сезонска храна и она што има ниска содржина на заситени масти. Со самото тоа, на луѓето кои имаат високо ниво на холестерол им се препорачува овој вид на исхрана.

Ризикот кој се појавува со овој вид на исхрана е недоволната информираност, кога луѓето на своја рака ќе се одлучат да применуваат макробиотски начин на исхрана.

Оваа исхрана воглавно е богата со јаглехидрати, но многу е важно притоа да не се занемари и внесот на протеини, минерали, витамини особено не бидејќи се внесува месо. Во оброците често е застапено тофу сирењето, кое е богато со протеини, како и намирници кои содржат калциум, па многу малку од нив може да оболат од остеопороза. Тука се вклучени морските алги, разните видови грав, бадем, брокула, а сите овие намирници се богати со калциум и им се овозможува да ја задржат цврстината на коските.

makrobiotska_2

 

Во макробиотската исхрана најмногу се застапени житарките, а најмалку инстант храната, готовите производи и месото. Оние кои цврсто се придржуваат до макробиотичкиот режим јадат само зеленчук и малку овошје, а другите јадат и риба и јајца, во умерени количини. И едните и другите изгледаат физички подобро од оние кои не се исхрануваат по овие принципи.

Нутриционистите велат дека луѓето имаат повеќе елан, кожата им е поубава, посјајна и позатегната. Овој начин на исхрана го намалува ризикот од кардиоваскуарни заболувања, а хормонскиот статус кај жените е поинаков од жените кои не практикуваат ваков начин на исхрана.

Макробиотиката подразбира и поинаков начин на подготовка на храната. Таа воглавно се вари или пече, но и термички минимално се обработува, почесто се јаде свежа или потопена во вода. Миењето на овошјето и зеленчукот исто така се прави со посебни четкички, а и сецкањето на храната се прави на посебен начин- на пример морковот се сече накосо, наместо на кругчиња.

Треба да се избегнува :

-Месо и месни преработки, масти, бел шеќер, кафе

-Тропско овошје и сокови, алкохол, газирани пијалоци,

-Преработени инстант и обоени намирници

-Јодирана сол, мајонез, јаболков и вински оцет

– Вода со хемикалии, млеко

Пожелни намирници:

-хељда, интегрална пченица, просо, јачмен

-брокули, морков, пашканат, кељ

-морски алги, кисела зелка

-Чаеви од житарки, изворска вода, традиционнални нестимулативни чаеви