По диетите, детоксикацијата е втората тема која има најмногу лаги и заблуди. Ако сте ги уништувале своето тело и здравје, детокс кадата, лаксативите, влакната во прав, детокс таблетите, прашоците и пијалоцие ќе ве исчистат. Но, тие не ја отстрануваат причината, туку само последицата. Парадоксот е во тоа што многу заговорници за детоксикација за истата таа работа ја обвинуваат современата медицина.

ЗаблудаГлавен составен дел од детокс пијалокот е сокот од брусница. Тој содржи многу органски киселини и биоактивни супстанции кои ја активираат детотоксикацијата на црниот дроб.

Брусницата спаѓа во овошја кои имаат најголема содржина на биолошки активни супстанции. Но, внимавајте со оние производи кои содржат состојки од брусница, затоа што ,,додатокот,, од брусница честопати е комерцијален потег. За брусницата да биде ефикасна во некој производ, потребно е во една доза да се содржат неколку грама од истата во свеж облик. Ако не сте сигурни во точната содржина и количина на активни супстанции во одреден производ, најдобро да се одлучите за кандирана брусница.

 

Заблуда: Целерот има само 7 калории, но е одличен чистач на организмот и ги отстранува сите токсини од телото.

Сигурно знаете дека најлошите отрови се врзуваат за масното ткиво. Целерот го зголемува протокот на крвта низ бубрезите и помага за излачување на отпадните материи присутни во неа, но масното ткиво останува недопрено. Тоа значи дека целерот нема да ве ослободи од ,,сите токсини,,, посебно не ако изедете неколку парчиња целер намачкани со сенф или мајонез. Од друга страна, тој е одличен зеленчук кој може да се користи за ефикасно намалување на крвниот притисок.

ЗаблудаЗа време на детоксикацијата, давајте му предност на грилованото живинско месо или на она кое е подготвено во вок тава. Користете јајца, но и риба на жар или печена во рерна.

Кога авторите на оваа препорака би биле запознаени со начините на одгледување на пилињата и мисирките и кога би знаеле од што се состои и колку хемикалии содржи нивната храна, никогаш не би го напишале ова. А што е со јајцата? Белката е еден од најсилните алергени. Рибата? Рибите – морски или слатководни – живејат во средини од кои имаме направено канализација и нивните тела содржат концентрат од отпадот испуштен во водите.

 
Заблуда: Штетните материи и токсини од храната се таложат во црниот дроб.

Црниот дроб не е место каде се складираат токсините, туку орган чија улога е да ги разбие некако токсините и да ги елиминира. Во случај тоа да не успее, дел од хемискиот отпад, кој самите сме го додале во храната и пијалоците, црниот дроб ја складира во масните клетки. Ако сакате до вашето тело да стигнат што помал број на токсини, треба да го направите следново:

  • јадете што помалку храна од животинско потекло, бидејќи најмногу токсини има во животинските масти;
  • консумирајте колку што можете помалку храна и пијалоци кои се обоени, ароматиизрани, зачинети и конзервирани со синтетички состојки (чадено месо, пецива, обланди, залсадени безалкохолни пијалоци, купечки џемови, сирупи, месни конзерви, млечни производи, кондиторски производи и слатки, алкохолни пијалоци и сл.);
  • секогаш, кога имате можност, давајте и предност на органската храна.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина