Како и кај многуте други жени на кои секојдневно им се случуваат многу нешта во животот, сигурно не придавате многу значење на вагиналниот секрет. Се додека тој изгледа ,,нормално,, – што значи да е прозирен или со бела боја и воденест или малку леплив, во зависност од периодот на циклусот во кој моментално се наоѓате – немате причина за загриженост. Меѓутоа, кога нешто не изгледа како што треба (или ако се почувствува непријатна миризба) тоа најчесто е знак за тревога. Можеби го има повеќе отколку што е вообичаено, бојата му е чудна или се чувствуа непријатна миризба која и не најдобар знак. Пред да почнете да паничите, прочитајте го понатамошниов текст.

 

 

Секретот е прозирен или има малку бела бооја, мокар е и растеглив. Најверојатно се работи за овулација. Овој ,,лизгав,, секрет се појавува на средина од циклусот; тоа е начин со кој телото и олеснува на спермата полесно да се лизне во вагината и да ги оплоди јајце-клетките. Секретот за време на овулацијата може да биде обилен и сосема е нормален.

 

Секретот е бел, има грутчиња и предизвикува чешање. Најверојатно се работи за габична инфекција која е предизвикана од прекумерно размножување на габите кои обично помагаат во оддржување на рамнотежата во вагината на опимално ниво. Секретот е обилен и е целосно бел. И, ако нема мирис, обично е проследен со чешање на внатрешниот и надорешниот дел на срамните усни. Габичната инфекција е многу честа и можат да ја предизвикаат бројни фактори (некои од нив вклучуваат користење антибиотици или седење во влажна облека).

 

Секретот е со жолтеникаво-зелена боја и, евентуално, по малку пецка. Најверојатно се работи за кламидија или гонореја, две чести сексуално преносливи болести. Други знаци за овие две инфекции вклучуваат болка во карлицата и пецкање при мокрење. Меѓутоа, многу жени често немаат никакви симптоми. кога ќе се дијагностицира хламидија или гонореја, многу лесно се лекуваат со антибиотици.

 

Секретот е сивкаст, не е обилен и има силна миризба. Најверојатно се работи за бактериска вагиноза. Мирисот е она што ја дефинира целата ,,ситуација,, – многу е силен и потсетува на мирис на риба. Бактериската вагиноза е многу честа – таа е најчестата вагинална инфекција кај жените на возраст од седумнаесет до четириесет и четири години, а многу лесно се лекува со помош на лекови.

 

Секретот е кремаст, има непријатна миризба и е комбинација од зелена исива боја. Се работи сигурно за трикомонијаза. Тоа е полово пренослива болест, за кое се смета дека жените се носители, а мажите за фактор на нејзиното ширење. Она што е алармантно е тоа дека жените и мажите кои имаат трикомонијаза често не покажуваат никави симптоми, а ако не се лекува, таа може да им ,,олесни,, на жените за да добијат КИВ вирус.

 

Секретот е крвав. Најверојано се работи за крварење кое се случува во првите неколку месеци откако жената ќе почне да користи контрацептивни пилули, бидејќи нејзиното тело се навикнува на новите хормони. Ако е секретот темноцрвен или кафеав, тука може да се работи за остатоци од крв од менструацијата на која и требало малку повеќе време за да ја ,,напушти,, вагината. Во ретки случаи, крвавиот секрет може да биде преканцерогена повреда на грлото на матката.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина