Вистината за солариумите: зошто се повеќе држави ги забрануваат?
Исончаниот тен не излегува од мода. Им пропадна обидот на светските креатори да го промовираат аристократскиот бел тен во моден тренд или бледиот тен на жените од Истокот, тој идеал за невина женска убавина, да стане нешто што ќе го прифатат жените од Западот. Во 80-те години од минатиот век, на исончаниот тен му се посветувале часови и часови, без луѓето да се оптоваруваат за опасностите кои се поврзани со долготрајното изложување на сончевите зраци. На плажа се одело со шишенце масло за интензивно потемнување и тоа траело се до почетокот на 90-те години, кога луѓето станале свесни за ризикот на кој се изложуваат со ,,пржењето,, на плажа. Наместо тоа, денес се посегнува по креми за самопотемнување, препарати со бета каротен и, секако, солариумите. Со тек на време, методите технолошки се подобрија, остранети се некои ултравиолетои опасности, но солариумите и понатаму имаат свои лоши страни. Не треба да се заборави дека потемнувањето се должи на хемиска реакција, која пак е резултат на делувањето на одбранбениот механизам на кожата. Потемнувањето на кожата е всушност одбранбен механизам на кожата од сонцето, со што се ослабнува имунитетот на организмот. Покрај тоа, денес со сигурност се знае дека сонцето е главниот виновник за настанување на брчките, и дека неговото делување е кумулативно – кожата никогаш нема да ви заборави да ви врати за долгото изложување на сонце.
Дали се солариумите решение?
За разлика од Сонцето, солариумот воглавно зрачи УВ-А зраци. Иако овие зраци не предизвикуваат моментално оштетувања, треба да се знае дека тие продираат длабоко во долните слоеви на кожата и со тек на време го поттикнуваат создавањето на брчки, отпуштањето на ткивото, но и оксидација на липидите и колагент, со што кожата ја губи својата еластичност. Овие зраци ги контролираат во солариумот, поради што до некаде ова изложување на кожата се сметаше до неодамна за безопасно, најновите истражувања покажуваат дека додека сончевите УВ-Б зраци предизвикуваат изгореници кои можат да се санираат и кои не оставаат потешки последици, УВ-А зраците, кои воопшто не ги чувствуваме на кожат, доведуваат до трајни и непоправливи последици, дури и здравствени. Американскиот национален институт за рак дури оди и толку многу далеку, што тврди дека сончањето во солариум е ризик фактор за појава на рак на кожата исто како и при сончањето на плажа.
Законската граница на зрачење во солариум е 0,3 W по m2, што е еквивалетно на јачината на сонцето во лето во медитеранските земји на пладне. Но, и покрај докажаните ризици од изложувањето на сонце или во солариум, милиони луѓе ширум светот не можат да му оддолеат на солариумот. Тоа дури може да доведе и до зависност, бидејќи познато е дека изложеноста на зраците го засилува излачувањето на хормонот ендорфин. Статистиките покажуваат дека 10% помлади од 18 години барем еднаш користеле солариум, додека половина од нив добиле изгореници притоа.
Солариумот не носи само поголем ризик од добивањето на меланом – корисниците на солариумо имаат за 67% поголем ризик за развој на рак на плочестите клетки на кожата и 29% за карцином на базалните клетки во споредба со оние кои не користат солариуми. Со ови факти излегува дека солариумот убива повеќе луѓе и од цигарите. ВО САД, претераното користење на солариум предизвикува 420.000 случаи со рак на кожата секоја година, додека цигарите се виновни за 226.000 случаи со рак на белите дробови.