Вистината за модриот домат
Постојат многу намирници за кои не се знае се, туку за кои се знае многу малку и кои се многу малку застапени во оброците. Една од тие намирници е и модриот домат – нутритивна бомба која на организмот може да му донесе само добро, но само доколку се консумира на редовна основа. Влакна, најважните минерали и витамини, калциум, калиум, цинк, фитонутритиенти … се само некои од причините поради кои мора да се сака оваа намирница. Доколку пак, сте на диета и сакате да ослабнете, тогаш вистинскат аинформација за вас е дека модриот домат нема масти и има многу малку калории, а поради својот состав добро заситува и долго време не се чувствува глад. Освен тоа што нема масти и калории, модриот домат нема ни многу јагленохидрати и поради тоа е одлична намирница за регулација на варењето, крвниот притисок, холестеролот, добар е за дијабетичарите, а со оглед на тоа што е преполн со калциум и железо, одличен е за коските и забите.
Богатството од железо кое го содржи помага во создавањето на црвени крвни зрнца, кои помагаат за побрзо донесување на молекулите на кислород низ целиот крвоток, односно организам. Кората која ја лупиме од модриот домат е легло на здравје, односно е полна со фитонутритиенти кои ја поттикнуваат циркулацијата и делува одлично на подобрување на работата на мозокот. И, тука се и влакната. Ако патите од запек, влакната од црниот домат се вистински погодок за решавање на овој проблем. Влакната не само што ќе го поттикне варењето, туку во исто време ќе го исчисти организмот од токсините од системот за варење и побрзо ќе ве натера да го посетите тоалетот.
Модриот домат е лековит. Неговата примена ширум светот е различна. Во Нигерија, на пример, го користат како контрацепција, во традиционалната кинеска медицина се користи за лекување на болки, болки во коските, невралгија, гастритис, желудочни проблеми, а со примена негова однадвор се лекува реума, изгореници и црвенила на кожата. Поради сето тоа по малку е нејасно зошто модриот домат е најпопуларен и најзастапен во кујната, посебно затоа што начинот на подготовка е навистина разновиден. Одличен е за варење, пржење, печење, полнет, на скара или подготвен како пире.