Мозокот е средишната точка на нашето битие. Некои интересни факти за него се откриени, а кои можеби не се универзално познати. Еве некои од нив во продолжение.

Кога еднаш човечкиот мозок ќе достигне целосна големина, почнуваат да се забележуваат интересни разлики на него. На пример, мажите имаат поголем мозок од жените, а тоа може да се забележи и кај децата. Сепак, овој факт не значи дека тој има функционални предности односно недостатоци. Разликата во големината е резултат на варијациите во специфичните подрачја во мозокот. Жените, на пример, имаат поголем хипокамус – дел од мозокот кој е одговорен за мирис и за помнење, додека мажите имаат поголем хипоталамус. Секој мозок е единствен мозаик од особини, од кои едни можат почесто да се најдат кај жените отколку кај мажите, додека други можат почесто да се најдат кај мажите отколку кај жените, а трети можат да бидат чести и кај мажите и кај жените.

И покрај прифатениот факт дека постојат женски и машки мозок, со кои се објаснува неразбирањето помеѓу двата пола, најновото истражување покажало дека не постои разлика помеѓу овие два мозоци. Односно, не постои континуирана разлика со која може секогаш точно да се дефинира дали станува збор за машки или за женски мозок. Ова истражување сакало да открие дали постои разлика помеѓу удделот на белата и сивата материја кај жените и мажите. Спроведено под водство на бихевиоралниот невро научник Дафне Џоел, од Универзитет во Тел Авив, тоа ја проучувало белата и сивата материја на магнетни резонанци на главите на двата полови. Снимките биле преземни од веќе четири спроведени истражувања, во текот на кои истражувањат биле прегледанни 1400 снимки од магнетна резонанца. Исто така, со дифузивни трактографски снимања била проучувана белата материја во мозокот, односно како таа се шири на другите делови во мозокот и како ги спојува.

Иако биле пронајдени некои карактеристики кои често се наоѓаат во мозокот на едниот пол, како тоа дека левиот хипокамус е малку поголем кај мажите – имало и жени со поголем хипокамус, како и мажи кај кои тој бил помал од оној кај жените. Поради преклопувањата, научниците дефинирале што означува машкиот, а што женскиот мозок – па потоа секој мозок го прегледувале дел по дел. Резултатите покажале дека помеѓу 23% и 53% од мозоците се мешавина од карактеристиките и на женскиот и на машкиот мозок, а само 8% од мозоците имале само машки или само женски карактеристики. Очигледно, од ова може да се заклучи дека не постои машки и женски мозок. Постојат само карактеристики кои ги делиме.

Џоел исто така нагласила дека дополнително ги истражувале стереотипните особини на мажите и жените, и заклучиле дека мажите сакаат да си играат игри, а жените сакаат да се опуштаат во када.

– Нашите истражувања покажуваат дека и покрај тоа што постојат полови и родови разлики во мозокот, човековиот мозок не постои во машка и во женска верзија – изјавила таа.

 

Тагови: мозок
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина