Во индиската медицинска школа, Ајурведа, пред 7000 години се сметало дека бавното и темелно џвакање е неопходно за силен систем за варење, а организмот подобро ги разделува несварливите состојки од хранливите, кои му се потребни на телото.

 

Теорија за бавното џвакање

На почетокот на 1900, самонаречениот економист-нутриционист од САД, Хорас Флечер, тврдел дека храната треба да се храни се додека не стане толку ситна за да може да се голтне. Во неговата теорија не се работело за тоа дека секое јадење треба да се изџвака 30 пати, туку дури и до илјада. Се сметало дека со ваквото џвакање човек ќе се чувствува помалку гладно, а со тоа ќе ги извлече само хранливите и сварливи материи. Таквото нешто нема да помогне да се одделат само хранливите материи, но бавното џвакање помага за контрола на квалитетот и намалување на килограмите.

 

Нарколепсија – симптоми кои мора да ги знаете

Прелиминарните истражувања покажуваат дека џвакањето на храната ,,до трошка,, го зголемува бројот на калориите кои се топат за време на варењето и тоа до 10 калории на јадење од 300. Што всушност значи дека во теорија некој кој внимателно џвака може да стопи 2000 калории месечно повеќе од оние кои јадат брзо.

 

Истражувања

Американското списание за нутриционизам направило студија со која се покажало како дебелите луѓе, кои јаделе побавно за време на истражувањето, полека ги губеле килограмите. Дополнителното џвакање го забавува темпото на јадење, односно таквиот начин на јадење создава чувство на ситост и помага за попаметно консумирање. Оние кои јадат брзо, потешко го задоволуваат апетитот и и покрај тоа што јадат се чувствуваат гладни и внесуваат поголеми количини храна во организмот. Понекогаш тоа е до граници кога организмот не може повеќе да издржи. Иако овие истражувања не потврдуваат дека еден човек која јаде побавно не е виток, сепак покажуваат дека со правилно внесување на храна ја оддржуваат својата тежина.

Секогаш треба да се има предвид дека некои луѓе се склони кон дебелеење, адруги кон слабеење, така што бавното џвакање не може да влијае на тоа. Она пто е позитивно кај ваквиот пристап е сепак фактот дека со темелното џвакање создаваме граници на внесување и не ставаме во себе се до изнемоштеност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина