Калциумот, генерално, е еден од најпродаваните суплементи. Долга низа години ни кажуваа како калциумот е корисен, затоа што со помош на него ќе се подобри квалитетот на косата, ноктите, забите, ќе се превенира остеопорозата, и некои други проблеми. Меѓутоа, според последните истражувања, резултатите се имаат покажно сосема спротивни оние кои користат калциум во облик на додатоци во исхраната, имаат зголемен ризик од срцев удар и камен во бубрег. Според зборовите на стручњаците, постојат некои сигнали кои ни кажуваат дека не треба да се зема премногу калциум. Секоја година се трошат милиони за прехранбени додатоци кои содржат калциум, со надеж дека со тоа ќе се одбегне остеопороза, од која заболуваат многу постари жени и некои мажи. Додека за потребата од витамин Д доволна е исхраната богата до зеленчук и ореви, како и да се минува време на свеж воздух и сонце. Клучот за силни коски се доживотни вежби и адекватен внос на витамин Д. Нема потреба да се зголемува вносот на самиот калциум. Парадоксално, но најголемиот број случаи на скршеници на коските има во земјите со најголема потрошувачка на млеко.

На внимателност при земањето суплементи кои содржат калциум и неговата поврзаност со ризикот од инфаркт, предупредуваат и швајцарските и германските стручњаци. Сабине Рорман, доцент на катедрата за хронични болести на универзитетит во Цирих, Швајцарија, следела единаесет години, заедно со својот тим, 24.000 мажи и жени. Оние кои земале суплементи кои содржат калциум, имале за 86% поголем ризик од срцев удар, за разлика од оние кои воопшто не ги користеле.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина