Состојки

За рижотото:

  • 300 гр. виолетова зелка
  • прстофат сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 кромид
  • 300 гр. ориз за рижото
  • малку бело вино
  • 2 литри зеленчукова бистра супа

 

За зелката:

  • 100 гр. виолетова зелка
  • 1 лажица маслиново масло
  • прстофат сол
Подготовка:

Ставете ја на оган супата, да се загрее. За тоа време насечете га на крупни парчиња зелката иставете ги во блендер, додајте ја солта и лажицата маслиново масло и додајте малку студена вода. Потоа исечете го кромидот и неколку минути пропржете го на преостанатото маслиново масло. Кога ќе стане стаклест, додајте му го оризот и пржете го уште една до две минути, а потоа прелијте ги со малку бело вино, додајте една кутлача од зеленчуковата супа и една лажица од пирето од измиксаната зелка. Варете додека оризот да ја впие целата течност, па потоа пак додајте кутлача од супата и лажица од пирето од зелка. Продолжете ова да го правите се додека оризот не биде готов. Послужете по желба со рендано сирење одозгора.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина