Грозјето е една од најстарите култури одгледувана од човекот. Воглавно не е култура која бара многу, освен што сака многу топлина и сонце. Затоа со право може да се каже дека е растение кое во себе содржи многу сончева енергија и како такво е исклучително лековито. Содржи 805 вода, а другото се белковини, јагленохидрати, масти, пектин, танин, органски киселини и минерали и витамини. Има многу мала калориска вредност, но затоа е многу хранливо. Вообичаено, во нашите краишта од него се прави вино, а може да се јаде и само како овошје. Но, многу малку се знае колку многу лековити напитоци можат да се подготват од грозјето и виното.

Лековитоста на грозјето

Дали знаете дека грозјето помага при смирување на нервната напнатост и намалување на депресијата? Исто така ја подобрува работата на мозокот, ја јакне меморијата и умствените способности и е добро кај сите воспалителни процеси на нервите (лумбаго, ишијас, невралгија). Одлично е за варењето и ги отстранува пречките при варење, надуеноста, а исто така и ги прочистува цревата, ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката. Одлично е и за системот за дишење и за крвниот систем, бидејќи го јакне срцето и крвните садови, ја подобрува циркулацијата на крвта, го смирува воспалението на вените, помага при артериосклероза, ја потпомага работата на бубрезите и на мочниот меур, бидејќи помага да се излачи водата и урината од телото и со самото тоа спречува да не настанат воспалителни процеси во бубрезите и мочниот меур. Свежиот сок од грозје дури се користи и за лекување на потешки облици на рак. Тој го чисти организмот и воспоставува нормална pH вредност во него, а содржи и многу потребни витамини и минерали. Во козметиката своја примена има во пилинг маските и во козметичките средства за кожа и коса.

Во многу умерени дози, виното е многу лековито. Во својот состав содржи различни концентрации на алкохол (9-15 вол. %), но содржи и одредена количина минерали, воглавно соли на натриум и магнезиум, кои се врзани за органските киселини (винската киселина). Тоа се киселини кои лесно се разградуваат во организмот и кои му даваат на виното алкални својства (во урината). Можеби не сте знаеле дека виното содржи околу 400 состојки, но нивната хранлива вредност е значително мала. Тоа е богато со витамини од групата Б, посебно Б2, и никотинска киселина Б3, додека хранливата вредност во 1 литар вино е е 600-700 калории, додека кај слатките вина може да се движи и до 1400 калории. Една чашка (130 гр.) вино содржи во просек 90 калории исто колку и еден сендвич. Така, две испиени чашки вино, во калории, е исто како да сме изеле две чинии тестенини со некаков зачинет сос и пармезан! Кога се консумира во умерени количини, виното го подига нивото на добриот холестереол во крвта. Алкохолот од виното го поттикнува создавањето на ензимите, кои доведуваат до зголемување на нивото на холестеролот ХДЛ (холестерол со висока густина), кој не е штетен за организмот. Го поттикнува варењето, бидејќи неговата киселост овозможува најголемо варење на белковините (месо, сирење, јајца). Во умерени количини го зголемува апетитот, лачењето жолчка и на урина.

Медицински вина

Медицинско вино или оеноли се темели на способноста на вината да ги раствораат состојките на разни лековити материи. Во овој случај виното е материја која го прима лекот за да може овој полесно да се внесе во организмот. За таа цел се користат разни вина со различна содржина на алкохол. Постојат обични вина, кои содржат само една лековита состојка, и сложени вина, кои имаат поголем број лековити состојки во себе. Едно од попознатите вакви вина е виното од рузмарин, кое се пие во многу мала количина како лек против главоболка, за подобрување на циркулацијата и за работење на бубрезите. Исто така, се советува виното да се пие по јадење, никогаш на празен желудник, бидејќи така го надразнува желудникот и делува негативно на црниот дроб.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина