Ако за миг размислиме за нашите раце и за сите работи кои ги правиме со овој неверојатен ,,алат,,, сфаќаме дека повеќето од тие работи ги земаме здраво за готово и воопшто не размислуваме колку би ни било тешко да не можеме да ги правиме. За оние кои патат од Дупуитренова болест, исто така позната и како „викиншка“ болест, многу дејности стануваат секојдневна борба, бидејќи еден прст или дури и цела дланка не можат да се израмнат. Дури и секојдневните задачи како што е возењето автомобил, ставањето ракавици, миењето лице и облекувањето за нив можат да бидат многу тешки.

Дупуитренова болест е состојба која може да ги зафати дланките и прстите. Постапно може да свитка еден прст или повеќе кон дланката на раката. Оваа болест се јавува и кај мажите и кај жените, но е позачестена кај машката популација. Иако не е опасна по живот, Дупуитренова болест може многу да го ограничи животот.

Причини и симптоми за Дупуитренова болест

 

Дупуитренова болест е прогресивна состојба која го зафаќа сврзното ткиво на дланката од раката и на прстите, а може постапно да напредува во Дупуитренова контрактура (еден од можните симптоми за Дупуитренова болест, а се развива кај приближно 25% од болните) при што зафатениот прст или прсти трајно се свиткуваат кон дланката.

Се проценува дека Дупуитренова болест зафаќа од 3% до 6% од белците, и тоа посебно оние од северноевропско потекло.

Оваа болест почесто се јавува кај мажите отколку кај жените (од 5 до 15 пати) и е во потежок облик. Се уште не е позната причината за настанок на оваа болест, но некои од причините се генетиката (речиси кај 70% од сите оние со Дупуитренова болест во семејството имаат историја на оваа состојба), дијабетес, алкохол, епилепсија и повреди.

 

Лекување

 

Дупуитренова болест не може да се излекува, но постојат хирурпки и нехируршки третмани кои можат да ги ублажат нејзинте симптоми. Болеста може да се повтори по третманот, па во тој случај одбраниот метод мора да се повтори.

Нехируршките методи на лекување вклучуваат третман со вбризгување на лекот Kolagenaza clostridium histolyticum, кој содржи ензими (наречени колагенази) кои се вбризгуваат директно. Тие ензими го стопуваат колагенот. Ден по вбризгување на ваквата инјекција следи постапка за време на која докторот го истегнува прстот и ја разбива искривеноста.

Другите нехируршки методи вклучуваат перкутана фасциотомија со игла и лекување со зрачење, кое обилно се користи кај болни кои се во ран стадиум од болеста. Хируршки зафати се препорачуваат кај болни со функционални оштетувања и контрактури на зглобот од 30 и повеќе степени.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина