Ги пиете витамините наутро и набрзина ги голтате со филџан кафе? И, по малку време чувствувате мачнина? Чувството на мачнина е комбинација од неколку фактори и е многу чест проблем, многу почесто кај оние кои живејат со забрзано темпо отколку кај постарите. Доколку ги правите овие четири грешки при земањето витамини, ќе се чувствувате лошо. Потребно е само малку да внимавате, за да немате слични, непријатни проблеми.

Пиете витамини на празен желудник

Ако земате некакви витамини, тие можат да предизвикаат иритација на празниот желудник. Потребни се три или четири часа за витамините да минат во цревата и тогаш мачнината и иритацијата престануваат. Ако земате витамини со оброкот, сосема ќе ги прескокнете овие потешкотии.

Премногу витамини кои иритираат

Можете да се чувствувате лошо поради витамините кои ги пиете. Витамините Ц и Е и железото го иритираат желудникот. Ако во мултивитамините кои ги земате постои висока концентрација на овие три витамини, а имате желудочни проблеми, може да го промените мултивитаминот.

Ќе бидете повеќе склони кон мачнини ако земате повеќе од препорачаната доза, а тоа се 75 милиграми Ц витамин, 15 милиграми Е витамин и 18 милиграми железо. На некои може да им биде лошо и ако дозата не е преголема, бидејќи имаат чувствителен желудник.

Начин на земање

Може да ви биде мачно поради начинот на кој ги земате витамините. Разликата е во тоа дали ги џвакате витамините или се во облик на обложени капсули. Облогата околу капсулите спречува витаминот пребрзо да се истопи, што инаку може да го иритира желудникот. Ако ви е лошо и покрај тоа што ќе земате обложени капсули, обидете се да земате некоја друга формула. Ако ви пречат такви капсули, можеби решението е во таблетите кои се топат во устата.

Премногу витамини топливи во масти

Горе наведените проблеми лесно се решаваат, но постои уште една причина зошто може да ви биде мачно. Можеби земате премногу витамини кои се топливи во масти, а обично се работи за витамините A, Д, Е и К. Кај оние витамини кои не се топливи во масти не постои овој проблем, бидејќи вишокот само се излачува преку урината, но овие оставаат наслаги во телото.

Може да се случи да сте земе премногу и можат да ви наштетат. Мачнината нема да престане по неколку часа, дури и ако изедете нешто. Ако забележите дека хронично ви е лошо, оставете ги тие витамини и побарајте совет од својот доктор. Никогаш немојте да земате повеќе од препорачаната количина, а тоа е 700 милиграми А витамин, 600 милиграми Д витамин, 15 милиграми Е витамин и 90 милиграми К витамин.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина