Многумина се жалат дека немаат време поради преголемиот број обврски и така се откажуваат од вежбање.

За да не барате изговори, погледнете ги следниве вежби кои можете да ги правите и во канцеларија. За време на паузата од работата, одвојте неколку минути и не грижете се за своето тело. Ем ќе бидете среќни и задоволни, ем ќе ги дочекате деновите кои следат фит, а притоа ќе вложите минимален напор.

Чучнувања

vezbanje-kancelarija1

Една од најдобрите вежби за подигање на задникот и јакнење на нозете неминовно се чучнувањата. За оваа вежба не е потребен голем простор. Најважно е при изведувањето грбот да биде прав, а градите подигнати кон горе. Направете по десет чучнувања во две серии, и секој пат трудете се ги зголемувате повторувањата.

Вежба со исчекор

 

vezbanje-kancelarija2

 

Ова е совршена вежба за обликување на задникот и нозете. Ставете ги рацете на колковите и направете пред себе голем исчекор. Коленото од ногата која ви е одзади спуштете се до толку да го допре подот, но да не се потпирате сосема на него. Со петата од ногата која ви е напред одбите се од подот и исправете се до толку што ногата која ви е одзади да ви се исправи и подигне така што ќе можете да ја спуштите на стол. Направете ја оваа вежба 10 пати на едната и потоа по 10 пати и на другата нога.

 

Кружење со рацете

 

Ниту за оваа вежба не е потребен голем простор. Застанете и исправете го грбот, раширете ги рацете и почнете полека да кружите. Кружете нанапред 10 пати, а исто толку и наназад.

Пропаѓања

 

 

 

 

Оваа вежба вклучува користење на канцелариски стол. Одлична вежба е за јакнење на трицепсите, а во видеото погледнете како можете да ја направите.

Склекови 

vezbanje-kancelarija3

 

Работната маса или столот можат да ви бидат од исклучителна помош. Тие треба да послужат како платформа на која ќе ги ставите рацете и ќе правите склекови. Во три серии направете по 10 склекови и секој ден зголемувајте го бројот на повторувањата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина