Водата најубаво го обликува телото. Затоа искористете го нејзиниот бенефит за да добиете најдобра фигура. Пробајте ги овие вежби.

1. Нозете ќе ги обликувате убаво ако често ја применувате оваа вежба. Влезете во базен во длабочина до рамењата. Фатете се за работ од базенот, свиткајте ја десната нога и движете ја во десно колку што можете повеќе и потоа враќаjтe ја пред себе. Повторувајте го ова 10 пати со десната, а потоа исто толку и со левата нога (но, во лева страна).

2. Под рацете ставете перничиња на надувување или мускули за помош при пливање. Соберете ги нозете и кревајте ги во седечки став. Повторувајте десеттина пати.

3. Комбинирајте пливање и одење во вода. Отпливајте во еден правец до едниот крај од базенот, а вратете се назад со одење низ водата. Повторете пет пати.

4. Кога сте на море, можете да ја испробате оваа малку понапорна вежба. Застанете во вода до колена или помалку од тоа. Секојпат кога ќе наиде бран, обидете се да го прескокнете. Повторувајте го ова по неколку пати.

5. Џогирајте во вода. Нема да изгледате многу грациозно, но оваа вежба е многу ефикасна. Џогирајте во поплиткиот дел од базенот некое време, колку што можете да издржите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина