Напорната работа и постојаното жртвувавање не се единствените начини за да го изгубите вишокот калории. Во вашиот секојдневен живот вклучете неколку лесни и забавни чекори кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот калории.

1. Џвакајте мастика

Освен што ќе ви го освежат здивот и ќе му сигнализираат на вашиот желудник дека сте завршиле со оброкот, џвакањето на  мастики за џвакање кај една жена која има отприлика 68 килограми на секои 12 минути “ќе согори” 12 калории.

2. Прошетајте се пред појадокот

Освен што со оваа постапка ќе го стимулирате вашиот метаболизам да работипобрзо и побрзо да ја свари храната, ќе ги потрошите калориите акумулирани во текот на претходниот ден. За само 20 минути одење со умерена брзина организмот лесно може да потроши и до 100 калории.

3. Одете на билијард

 

Земете еден пријател со вас во најблиското кафуле кое има билијард маса. Просечен човек со тежина од околу 70 килограми во текот на играта ќе потроши 99 калории во 35 минути!

4. Одете по скали наместо со лифт

Качувањето по скалите троши околу 10 калории во минута, додека слегувањето по скалите “согорува” околу една третина од овој износ.

5. Смејте се гласно

Искористете ја секоја прилика за да се насмеете! Според студијата спроведена на Универзитетот Вандербилт, возрасна личност согорува 1,3 калории секоја минута додека се смее.

6. Скокајте со јаже

Овде веќе се работи за сериозна кардио вежба. Со скокањето на јаже ќе изгубите околу 113 калории за 10 минути. Освен согорувањето на калории можете да сметате и на поцврсти мускули на задникот, бутовите и рацете.

7. Наспијте се

Уште една причина зошто би требало да спиете осум часа дневно е – губењето на калории. Соодветниот сон го држи под контрола хормонот на глад (грелинот), што значи дека ќе јадете помалку, без некои големи проблеми. Експертите објаснуваат дека ризикот од прекумерна телесна тежина се засилува кај луѓето кои не спијат доволно, па доколку спиете само шест часа, шансите за прекумерно зголемување на килограмите се повисоки за дури 23 проценти, а за 50 проценти доколку спиете само пет часа.

8. Зачинете ја храната

На сите им е веќе добро познато дека одредени зачини помагаат во топењето на масните наслаги. На пример, со користење на цимет, според експертите, лачењето на инсулин ќе биде ставено под контрола, со што ќе се овозможи успешно топење на масните наслаги. Тука е и ѓумбирот кој има силен ефект врз дигестивниот систем и во голема мера го забрзува метаболизмот. Колку е побрз вашиот метаболизам, толку повеќе калории се согоруваат.

9. Зголемете го тонот на музиката и танцувајте

zabaven-nacin_1

Вклучете го радиото и пуштете ја својата омилена песна и исчистете ја куќата во ритамот на музиката! Со музиката побрзо ќе се движите и со тоа ќе согорувате повеќе калории.

10. Потрошете калории подготвувајќи ручек

Поставување на масата, исто така, може да биде добро за вашето здравје: сечкањето, мешањето и подготовката на оброци за време од 45 минути согорува околу 102 калории. Можеби од денес веќе нема да гледате на готвењето како на уште една здодевна обврска …