Докторите и други експерти често предупредуваат дека не е добро да се замине од дома без појадок и дека не е препорачливо да се прават потешки вежби пред било што да се стави во желудникот, но сега една група британски истражувачи тврдат дека вежбањето пред појадување може да помогне многу за поголемо губење на тежината. Доколку одите во теретана или трчате, надевајќи се дека ќе загубите дополнителни килограми, обидете се тоа да го правите пред да појадувате. Не само што потењето на празен стомак согорува повеќе масти и помага да се загубат дополнителни сантиметри околу половината, тоа исто така помага и за поефикасно намалување на затнувањето на артериите.

Иако се познати бенефициите од вежбањето, луѓето не се сигурни дали е подобро да се вежба на празен или на полн стомак. Доктор Џејсон Џил, кој го има водено истражувањето на Универзитетот во Глазгов, вели дека вежбањето само по себе е добро, а уште поефикасно е ако е тоа направено пред појадокот, затоа што на тој начин го тера телото да ги црпи сопствените резерви на масти со цел да добие енергија.

Зошто е добро вежбањето на празен стомак?

Без изговори.- Првата причина за утринските вежби е што на тој начин веднаш ги тргате од дневниот распоред. Не е лошо да се вежба во текот на денот, но како што одминува денот се поголема е веројатноста дека ќе ги одложите за следниот ден, затоа што некои деловни или други обврски ќе ви бидат поважни од вежбањето.

Помалку сте гладни. Една студија на Универзитетот во Бирмингем покажала дека испитаниците кои вежбаат наутро имаат послаби мозочни реакции на храна на сликите со храна.

Ви ја зголемува енергијата. Кога вежбате, го зголемувате протокот на крв и нивото на кислород во вашите мускули и витални органи. Целиот кардиоваскуларен систем работи подобро и ви дава поголема енергија во текот на денот.

Согорувате повеќе калории. Истражувањата покажуваат дека оние кои вежбаат на празен стомак согоруваат околу 20% повеќе калории од оние кои не го прават тоа.

Кои вежби може да ги правите?

Еве неколку вежби кои можете да ги испробате и кои ќе направат во тие 10 минути да го придвижите секој дел од телото.

Кардио вежби. Овие вежби опфаќаат брзи движења, без престан, во текот на 10 минути. Морате да правите интензивни вежби за да го извлечете најдобротото од себе во тие 10 минути.

Зумба или аеробик. Пуштете ја вашата омилена песна и почнете да танцувате и вежбате.

Велосипедизам. Ако имате статичен велосипед, тогаш вртењето на педалите цели 10 минути не е лоша вежба. Возете на смена брзо и бавно, и така зголемете ги отчукувањата на срцето.

Џогирање. Краткото џогирање низ соседството наутро помага да го започнете денот на вистинскиот начин, и да уживате во свежиот воздух и сонце. Почнете со брзо одење, па префрлете се на џогирање. Како што ќе се приближувате кон 10 минути, забавете и префрлете се на бавно одење.

Јога. Десетминутното вежбање јога може да ви помогне – ослободува хемикалии во вашиот мозок, поради кои се чувствувате добро, ве ослободува од стресот, ви го подобрува ставот и ви го зголемува нивото на енергија.

Тонирање мускули. Ова е вежба за сите мускули кои можете да ги сместите во 10 минути, следејќи ја следнава рутина склекови, чучнувања, исчекори, стомачни

Фокусирано тонирање на мускулите. – Исто така можете да ги посветите овие 10 минути на одреден дел од телото, било да се работи за стомачните мускули или за мускулите на рацете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина