Колку и да вежбате, скалата на вагата не се поместува? Не грижете се, во тоа нема ништо чудно. Најновото истражување покажува дека вежбањето е добро за општата здравствена состојба, бидејќи го намалува ризикот од кардиоваскуларните болести, дијабетесот и деменцијата, но не влијае директно на слабеењето.

Ефектите од вежбањето се многу мали – вели Дик Тијсен, професор по кардиоваскуларна физиологија на Универзитеот Џон Милс во Ливерпул, Велика Британија.

Тој додава дека за три до четири месеци редовно вежбање, во случај да не се промени начинот на исхраната, може да се загуби во просек само еден килограм.

Научниците откриле дека не само што физичката активност согорува многу помалку калории отколку што внесуваме со исхраната, туку и дека потрошувачката на калории, без разлика на тоа колку вежбаме, се сопира на околу 3.600 калории.
Освен тоа, некои луѓе кои сакаат да ослабнат, си се наградуваат со обилни оброци по напорното вежбање, со што во целост ги анулираат ефектите од рекрецијата за трошење на калориите.

Стручњаците се согласуваат дека калориската рестрикција е клучот за слабеењето или, како што се нарекува тоа популарно, слабеењето започнува во кујната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина