Ако сте дисциплинирани, брзо можете да го затегнете телото и да ја обликувате посакуваната фигура. За тоа ќе ви треба еластична лента.

Со цел да го намалите штетното влијание од долгото седење и кривење на рбетот, вежбајте со помош на еластична лента. Овој едноставен реквизит овозможува зведување на голем број вежби со кои за кратко време може да се затегнат мускулите и да се обликува целата фигура.

Вежбите со еластична лента се користат во фитнес центрите, физикалната терапија, а даваат резултати и ако редовно се изведуваат дома. Ви предлагаме четири вежби за јакнење на одредени делови од телото.

 

Седален дел

lenta-na-nazad

 

Заземете стоечки став, со нозете малку раширени во ширина на колковите и со заврзана лента околу ножните зглобови. Повлекувајќи ја едната нога наназад додека не се затегне лентата и трудете се телото да не паѓа кон напред и колковите да не ротираат со ногата. Издишувате при развлекување на лентата, а вдишувате при враќање во почетната положба. Повторете ја вежбата 20 пати со едната, а потоа и со другата нога.

Колкови

 

lenta-na-strana

 

Заземете стоечки став, со нозете раширени во ширина на колковите и со заврзана лента околу ножните зглобови. Повлекувајте ја едната нога во страна, развлекувајќи ја лентата и при тоа издишувајте. Трудете се телото да не ви се искривува и да не ја префрлате тежината на другата нога и да не ги подигате колковите премногу. Повторете ја вежбата 20 пати со едната, па со другата нога.

 

Грб

Легнете на стомак, со раширени нозе и со лента заврзана околу зглобовите. Рацете ставете ги под агол од 90 степени. Подигајте ги градите, рацете и нозете од подлогата и во исто време затегнувајте ги мускулите. Внимавајте лактите при подигањето да останат во линија со рамењата. Воздух земајте при подигање, а издишувајте при спуштање. Повторете ја вежбата 20 пати.

 

Раце и рамења

 

lenta-ramenja

 

Со лентата во рака испружете ги рацете пред телото. Од таа положба развлекувајте ги рацете во страна, додека сосем не ги затегнете лактите. Вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 20 пати. Со развлекување на лентите го активирате целиот раменски појас. Издишувате при ширење на рацете, а вдишувате при собирање.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина