Се вели дека не можете да бидете вегетаријанец и успешен бодибилдер, бидејќи животинските протеини имаат супериорен квалитет во однос на протеините од зеленчукот.Дури и вегетаријанците кои не им е проблем тежината сметаат дека е тешко да ги задоволат потребите на препорачаните количини на протеини, а уште потешко да се консумира количество на протеини потребни за изградба на мускулна маса. И покрај тоа што никогаш нема да може да се добие мускулна маса како со јадење на месо, добра на изглед фигура може да биде изградена и со користење на диета без месо, но со многу планирана и квалитетна селекција на храната.

Постојат многу митови поврзани токму со вегетаријанството:
  • Вегетаријанците не можат да добијат доволно протеини.
  • Постојат одредени хранливи материи, само една може да се добие од јадење на месо.
  • Вегетаријанецот не може да ја зголеми мускулната маса на начин од оној кој јаде месо.
  • На вегетаријанците им недостига енергија и сила.
  • Да се биде вегетаријанец не е здраво.
  • Никој не може да биде конкурентен бодибилдер како вегетаријанец.

 

 

vegetarijanska-ishrana-2

 

Дел од нив се лажни дел не.

Јаглехидратите,мастите и протеините, сите снабдуваат со енергија. Не јадењето на доволно калории ќе се намали не само вашата енергија, туку и мускулната маса. Важен момент за вегетаријанците  е да се сфати тоа што нивната храна побрзо се вари во желудникот,отколку на оние кои јадат месо. Ова значи дека треба да се јаде почесто за да се достигне потребниот внес на енергетски вредности кои се потребни за вежбање. Телото ги користи протеините како главна компонента за градење и одржување на мускулите, крвта,коските,кожата,косата. Повеќето прптеинска храна од животинско потекло, како месо, риба, јајца,млеко, сирење ги содржат сите есеннцијални амино киселини, така што се нарекуваат комплетни протеини. На протеините кои се наоѓаат во зеленчукот, им недостасуваат некои есенцијални амино киселини и затоа тие се нарекуваат и нецелосни протеини.Со цел да се добијат сите 8 есенцијални амино киселини, потребно е да се комбинира храната со цел добивање на потребниот внес на протеини.

 

Еве во прилог и листа на храна за јадење која треба да се комбинира за да се внесат сите есенцијални амино киселини:

 

  • Јаткасти плодови и семки: лешници,бадеми, кикирики,ореви,семки од тиква,семки од сончоглед,ленено семе, сусам.
  • Мешунки: грав,грашок,леќа,боранија.
  • Житарици и житни култури: пченица, јачмен, ‘рж, овес, просо, пченка,ориз.
  • Соја: тофу, соја протеин во прав,вегански бургери, млеко од соја.
  • Млечни производи:млеко,сирење,јогурт.
  • Јајца

 

Вие исто така може да вклучувате и путер од кикирики и протеини од сурутка во прав во вашата исхрана за подобри резултати.

 

Заклучок: сеуште можете да бидете бодибилдер иако се вегетаријанец, но мора да направите разумен избор на храна и правилно да ги планирате вашите оброци.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.