Состојки:

 

  • 4 пченкарни тортилји
  • 1,2 кг. мешан грав (црвен, бел, црн)
  • 1/4 филџан маслиново масло
  • 1 голема главица кромид, ситно сецкана
  • 1 црвена пиперка
  • 2 шечниња лук, ситно сецкан
  • 2 лажички лут црвен пипер
  • 1 лажичка ким
  • 7 дл. мелени домати од зимница (или иста количина свежи домати)
  • 1 кисела павлака
  • 1/4 филџани чедар кашкавал (може и некој друг тврд кашкавал)
  • 1/2 филџани свеж коријандер (или магдонос)
  • сол и црн пипер

 

 

Подготовка:

 

Прво сварете го гравот. Рерната загрејте ја на 200oC. Тортилјите наредете ги во тава за печење и премачкајте ги со маслиново масло. Печете ги околу 6 минути, додека не добијат златеникава боја. На половина од печењето ќе ги свртите и на другата страна. Посолете ги. Кога ќе се оладат, искршете ги на парчиња.
Остатокот маслиново масло загрејте го на среден оган. Додајте ги пиперката и кромидот и динстајте ги на маслото додека не омекнат (околу 5 минути). Потоа дадете им ги лукот, лутиот црвен пипер и кимот и динстајте ги уште 2 минути. Посолете и ставете црн пипер. Додадете ги доматите и се измешајте.
Потоа во тенџерето додадете го претходно сварениот грав и налејте уште 2,5 филџани вода. Оставете да зоврие. Намалете го потоа огнот и оставете да се вари на тивок оган додека содржината не згусне, 15-20 минути. На крај додадете го сецканиот коријандер (или магдонос).
Гарнирајте со павлаката, ренданиот кашкавал и ситно сецкан коријандер/магдонос.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина