Состојки:

 

  • 500 гр. брашно тип 400
  • 1 коцка свеж квасец
  • 60 гр. шеќер
  • 45 мл. масло
  • 1 дл. млеко од соја
  • 2 дл. вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка рум
  • 1/2 литар масло за пржење
  • мармалад
  • шеќер во прав

 

Подготовка:

 

Загрејте го растителното млеко со 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер. Додајте го истрошениот свеж квасец, промешајте и оставете го на топло 15 минути.

Во длабок сад измешајте ги останатите состојки; брашното, маслото, млекото, водата, солта и румот. Додајте им го квасецот и замесете тесто. Месете околу 20 минути. Прекријте го со крпа да нарасне. Кога ќе нарасне, ставете го на набрашнета површина и  продолжете да месите. Со сукало развлечете ги и со модла вадете ги крофните. Потоа прекријте ги со крпа и оставете ги да нараснат околу 15 минути. За тоа време загрејте го маслото. Кога ќе биде загреано, почнете да ги пржите крофните. Можете, по желба, да ги полнете со мармалад. Кога ќе се испржат, посипете ги со шеќер во прав.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина