Состојки:
250 гр. интегрално брашно
250 гр. бело брашно
1 дл. ладно цедено масло
1 лажичка сол
2 лажички нерафиниран шеќер

2 – 3 дл. млеко од соја
1 свеж квасец

Фил:
250 гр. мелени ореви
180 гр. нерафиниран шеќер
млеко од соја

Подготовка:
Во мала шолја ставете 2 лажички шеќер, истрошете го во него квасецот, прелијте ги со топло млеко и оставете го на топло место за да надојде квасецот. Потоа смесата додадете ја во брашното, во кое ќе ги додадете солта, маслото, лимонот и млекото од соја (според потреба) и замесете меко тесто. Оставете го да нарасне.
За тоа време подгответе го филот од ореви. Оревите прелијте ги со врело млеко од соја и додате шеќер. Кога тестото ќе се удвои, развлечете го со сукало на дебелина од 1 см. Премачкајте го со филот и замотајте го како ролат. Ставете го во калап во кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете го да расте околу 30 минути. Потоа ставете го да се пече 30 минути на 200°C.

Наместо ореви можете да користите мак или темна чоколада.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина