Состојки:

За тесто

  • 2 филџани брашно
  • 1,5 филџани рендани моркови
  • 1 портокал
  • 7 лажици шеќер
  • половина филџан масло
  • 1 прашак за печиво
  • грст мелени ореви (или било кое јаткасто овошје)

За прелив

  • 2 лажици какао
  • малку масло
  • малку млеко од соја
  • лажици шеќер
Подготовка:
  1. Морковите се рендаат многу ситно. Им се додава рендана кора од портокал. Се цеди сокот од портокалот и се меша со маслото и шеќерот.
  2. Посебно, во друг сад се мешаат брашното, прашокот за печиво (половина кесичка), циметот и мелените ореви. Ваквата семса се додава кај сокот од портокал и се додава морковот. По потреба, се додава малку млеко од соја. Оваа смеса се става во рерна на 180 степени целзиусови и се пече 40 минути.
  3. За преливот, се мешаат сите состојки и се ставаат на максимална температура на оган. Се мешаат 2-3 минути додека да се згуснат и се прелеваат врз испечената торта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина