gradi_2

Болните гради можат да бидат многу непријатни, особено зошто ве прават нервозни и ви сметаат при секојдневните активности. Сепак, во поголемиот дел од случаите, ова не е прилина за грижа, бидејќи се работи за многу честа и нормална појава. Во продолжение се седум причини заради кои можат да ве болат градите.

Се наоѓате во период на ПМС

Најголема причина за болка во градите се хормоните, односно промените во нивните нивоа кои доаѓаат заедно со менструацијата. Ова е нормална реакција на телото исе нарекувациклусна болка, бидејќи се поврзува со менструацијата, Во ова можат да помогнат анти-беби пилулите бидејќи тие го одржуваат стабилно нивото на естроген. Доколку се одлучите за природен лек, тогаш употребете чај од камилица.

Го зголемивте интензитетот на тренингот

Можеби направивте импресивен сет склекови или почнавте секојдневно да ја посетувате теретаната? Ова може да ви изгледа дека ве болат градите, но всушност ве болат мускулите кои се наоѓаат под нив. За да си го намалите чувството на болка, ставајте топли облоги и пијте некој благ аналгетик.

gradi_1

 

Поместувавте нешто тешко

Можеби во брзо време се преселувавте од едно на друго место, или можеби правевте генералка на домот и го поместувавте целиот мебел? Доколку ова е случај, тогаш градите веројатно ве болат од истата причина како и да сте вежбале- истегнување на мускулите под градите.

Носите погрешен број на градник

Погрепната големина на градник може да биде причина за болните гради. Доколку вашиот градник ви е премногу тесен или пак корпите ви се премногу мали, жиците од градникот постојано им пречат на градите. Исто така, доколку градникот не ви пружа добра поддршка во текот на брзиот начин на живот, и тоа може да доведе до болки во градите. Се што е потребно е да го најдете градникот кој е совршен за вас.

Вашиот спортски градник не е доволно цврст

Исклучително е важно, особено доколку имате поголееми гради, градникот да биде цврст и да ви ја пружа поддршката која ви одговара. Една студија потврдила дека една од три маратонки има болни гради. Затоа, многу е важно да набавите градник кој ќе ги држи вашите гради на своето место, колку и да се движите или скокате.

Имате фиброцистични гради

Доколку имате фиброцистично ткиво во градите, тогаш веројатно често имате проблем со болни гради, особено околу циклусот. Ова неурамнотежено ткиво со чворчиња е исполнето со водени цисти, но не се поврзува нужно со рак на дојката. Сепак, ваквите гради се многу чувствителни на хормонските промени, заради што и доаѓа до болка во градите.

Пиете премногу кафе

Иако кафето и чајот не мора нужно да ја предизвикаат болката во градите, некои истражувања покажаа дека со исфрлањето на кофеинот можете значително да го намалите чувството на болка во градите, и тоа особено кај жените кои имаат фиброцистични гради.