Витаминот К2 е новооткриен и важен витамин кој е клинички докажан во пресудното делување против најчестите разорни болести на нашето време: остеопорозата и кардиоваскуларните болести. Двете овие болести се најчеста причина за смртност во светот и кај нас, а се тесно поврзани со недостигот на витаминот К2.
Витаминот К2 е дел од семејството на витамините К, кои се растворливи во масти. Витаминот К1, кој е познат како неопходен витамин во згрутчувањето на крвта, нема никаква биолошка врска ниту слично делување со витаминот Б2. Владее заблудата дека витаминот К1 (кого го има многу во зелениот лисјест зеленчук) може во телото со помош на бактериите да се претвори во витаминот К2.

Самиот витамин К2 може преку градење на посебен протеин (остеокалцин) да го насочи и да го вгради калциумот во коските. К2 витаминот е исто така познат и како чистач на калциумот од артериите и меките ткива и по депонирањето на тие наслаги во здравјето на коските. Тоа е важно, бидејќи наслагите на калциум во артериите можат да доведат до затнување, што на крајот резултира со срцеви и мозочни удари.

Доктор Гудман дури и предупредува дека земањето калциум без витаминот К2 може да биде опасно по здравјето на срцето, посебно кај жените во постменопауза и кај децата во пубертет. Старата изрека е постојано актуелна: „Стар си онолку колку што ти се здрави артериите“. Доктор Гудман тврди дека со правилно внесување на К2 се намалува ризикот од добивање кардио васкуларни болести за 50%. Доктор Денис гудман е сертифициран кардиолог и управител во Лангон Медикал Центарот во Њујорк.

Министерството за здравје на Јапонија го има одобрено К2 во превенцијата и лекувањето на остеопорозата и тоа како прва земја во светот (докажано е намалување на скршениците за 87%). Голем број студии имаат докажано дека К2 буквално го извлекува и чисти калциумот од крвта и артериите и го вградува во коските.

Една студија од Ротердам во 2004 година, која следела 5.000 луѓе со зголемен внес на К2, го потврдила намалувањето на калцификациите на аортите. Витаминот К2 има некои својства како коензимот Q10 и тој им е потребен на децата за поздрави и посилни коски во подоцнежна возраст.

Испитувањата вршени врз животни (глодарите) покажале дека оние кај кои недостасувал протеинот гламатрикс (кој е поврзан со витаминот К2), а кои биле родени здрави, покажувале калцификација на артериите пред да доживејат една недела. Со додавање на К2, состојбата брзо им се враќала во нормала.
К2 не можат да го земаат пациенти кои се на Варфарин, бидејќи тие се директни антагонисти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина