Батат (лат. Ipomoea batatas) е повеќегодишно растение со потекло од тропските и суптропските региони на Средна и Јужна Америка. Спаѓа во групата на коренест зеленчук, поради големиот корен, кој се одликува со скробен и слаткаст вкус. Разни цивилизации го употребуваат веќе најмалку 4000 години. Денес, масовно се консумира во Америка, Азија и Африка, а најмногу се произведува во Кина, Индонезија и Уганда. Во Европа бататот е помалку застапен, иако во последниве десеттина години станува се популарен. Се одгледува и кај нас, каде е познат по името ,,сладок компир,,

 

Хранливи вредности

Бататот може да исполни поголем дел од секојдневните човекови прехранбени потреби. Нутритивно се состои од голем број јагленохидрати, витамини и минерали. Големата количина од витаминот А во бататот го става во намирниците кои не смеат да се одбегнуваат. Исто така, тој е добар извор и на влана, биотин, калиум, фосфор и витамини од Б-групата, Ц витамин, бета – каротен и минералите манган и бакар. Содржи и фитостероли, каротени и каротеноиди, фолна киселина, витамини Д и Е како и магнезиум и железо.

Содржи многу скроб и многу малку масти, па поради тоа спаѓа во високо квалитетни намирници. Им се препорачува на спортистите и дијабетичарите и на сите оние кои поради здравствени проблеми мора да внимаваат на исхраната. Хранливиот батат делува многу добро на органите на ендокринолошкиот систем. Делува поволно на дебелото црево, слезината, желудникот и бубрезите. Може да помогне и кај проблеми со кожата. Одлично ги неутралиизра штетните слободни радикали во организмот и го јакне целиот имунолошки систем.

 

Контрола на тежината и шеќерот во крвта

Ако патите од дијабетес или вишок килограми, тоаш бататот дефинитивно мора да биде на вашето мени. Сложените јагленохидрати и влакна во бататот овозможуваат постапно ослободување на шеќерот и неговата апсорпција во крвотокот. Омилена намирница им е и на оние кои сакаат да ја контролираат телесната тежина. Богатството на влакна пружа ситост без чувство на тежина и таложење на масти. Дополнитела предност на бататот лежи во манганот, со кој тој изобилува. Тој помага за метаболизмот на јагленохидратите и делува во низата ензими кои се важни за производство на енергија и на неопходните антиоксиданси.

 

Заштита од кардиоваскуларни болести

Поради тоа што е извор на витаминот Б6, бататот го намалува ризикот од срцеви болести. Имено, витаминот Б6 му е потребен на телото за да ја разбива материјата која се вика хемоцистеин, а кој може директно да ги оштети крвните садови. Се покажало дека оние кои претрпеле срцев удар, а кои и покрај тоа имале нормално или ниско ниво на холестерол, често имале високо ниво на хомоцистеин.

 

Превенција од рак

Бета-каротенот е силен антиоксиданс. Истражувањата покажале дека оние кои јадат храна која е богата со нета-каротен имаат намален ризик од карцином. Бататот се покажал како ефикасен и во намалувањето на ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево и желудникот.

Една студија, спроведена врз жени во периодот на менопаузата, открила дека консумирањето на големи количини зеленчук кој содржи бета-каротен, фолна киселина, витамин Ц и влакна (како што е случајот со бататот) го намалува ризикот од рак на дојката за 50%.

Поради тоа што бататот содржи повеќе бета-каротен од морковите и повеќе витамин Ц од доматите, онколозите и здруженијата за лекување на канцерогени болести советуваат негова редовна употреба во исхраната. Истиот став го потврдува и Американскиот Институт за истражување на ракот.

Болести и состојби кај кои посебно се препорачува консумирањето на батат:

  • срцев и мозочен удар

  • болести на срцето и крвните садови

  • карцином

  • очна мрежа

  • ноќно слепило

  • дијабетес

  • слаб имунитет

  • акни

  • Алцхајмерова болест

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина