Овие анализи можат да ви го спасат животот! Еве зошто е важно да посетите доктор ако имате повеќе од 30 години.

Имено, колку сме постари, толку можноста за разни здравствени проблеми се повеќе се зголемува. Поради тоа стручњаците препорачуваат секоја година да се врши по еден систематски преглед или барем овие четири најважни анализи.

1. Крвен притисок

 

Високиот крвен притисок се нарекува тивок убиецсо причин. Не постојат никкави симптоми за овој здравствен проблем, a тој може навистина да го доведе во опасност човечкиот живот. Ако немате проблеми со срцето или ако во семејството немате близок кој боледува од кардиоваскуларни болести, притисокот треба да го мерите минимално еднаш годишно. Доколку, пак, имате кардиоваскуларни болести, се препорачува дома да си набавите мерач за крвен притисок и редовно да го следите истиот.

2. Холестерол

 

Еднаш годишно би требало да го проверувате нивото на холестерол во крвта, а доколку веќе имате проблеми со висок холестерол или со вишок на килограми, тогаш се препорачува да го контролирате на секои 3 до 4 месеци.

 

3. Ниво на шеќер во крвта

 

Ако сте здрави, вашето тело благодарение на панкреасот кој произведува инсулин го регулира нивото на шеќер во крвта. Но, многу други болести или вишок на килограми можат да влијаат на работењето на панкреасот и на производството на инсулин, па поради тоа доаѓа до зголемување на нивото на на шеќер во крвта.

Тогаш доаѓа до развој на дијабетес. Нивото на шеќер во крвта треба да се проверува еднаш годишно, а оние кои патат од дијабетес треба да го прават тоа секојдневно. Проверете ги и другите тивки симптоми на дијабетесот, кои не смеете да ги игнорирате.

4. TSH

 

1 од 10 луѓе (претежно жени) за време на својот живот се соочуваат со проблеми со штитната жлезда. Симптомите на болна штитна жлезда се разновидни, но понекогаш хормоните T3 и T4 се во нормала, па болеста може да не се забележи. Поради тоа треба да се контролира нивото на TSH, хормонот кој го испушта хипофизата, бидејќи неговата зголеменост упатува на проблеми со штитната жлезда.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина