Проблемот со порастот на бројот на царски резови се поврзува со влијанието на вољата на родилката за решавање за начинот како ќе биде довршено породувањето, како и за можноста за наплаќање на оваа постапка во приватните родилишта, дури и кога не се стручно оправдани.

 

Погледнете во продолжение што всушност претставува царски рез, како точно се изведува, кои се ризиците од оваа операција по мајката и детето и колку долго трае закрепнувањето од неа.

 

Апсолутни и релативни индикации

Царскиот рез е дефинитивно најстарата операција од подрачјето на абдоминалната хирургија, а подразбира рачно вадење на детето од матката, која претходно е отворена со рез низ стомачниот ѕид.

 

Индикациите за овој зафат можат да бидат апсолутни и релативни. Апсолутните индикации за породување со царски рез се сите оние состојби кои се животно загрозувачки за мајката и детето, така што вагиналното породување е невозможно. Таквите состојби се ниско поставена постелка која го преминува устието на матката, предвремено одделување на постелката или попречна поставеност на детето.

 

Релативни индикации се оние при кои вагиналното породување е невозможно, но поради спознавање на струката и клиничкат апракса подобро е да се направи царски рез. Во релативни индикации се вбројуваат претходни операции на матката, инфекции со ХПВ или херпес во бременоста.

 

Операцијата тре до 40 минути

 

Операцијата трае помеѓу 20 и 40 минути. Се изведува така што низ попречниот рез во долниот дел од стомакот се влегува во абдоминалната шуплина. Притоа се сечат и отвораат неколку слоеви меѓу кожата и фасцијата, се додека не се дојде до абдоминалната шуплина.

 

Потоа се отвора постелката (лат. peritoneum) и матката со цел да се дојде до детето, кое потоа се вади обично со фаќање за главата. По рачно отворање на постелката, по ред се затвораат сите наброени слоеви.

 

Ризици за мајката

 

Се вклучуваат постоперативните компликации како, на пример, инфекции на матката и уринарни инфекции, кои се јавуваат кај 20% до 40% од случаите.

 

Многу поретки се посериозни компликации како апцес, сепса или тромбоемболија на матката. Мајките кои родиле со царски рез имаат за шест пати поголем ризик од постпородилна депресија и помалку е веројатно дека ќе го дојат детето.

 

Ризици за бебето

Трудовите дополнително ги стимулираат некои органи и хормонски системи кај бебето, како тироидната жлезда, надбубрежната жлезда, бубрезите, белите дробови, цревата и имунолошкиот систем. Во случај на царски рез, таа бенефиција може да изостане.

 

Поголема е загубата на трансфузија на постелката, што може да придонесе за проблеми со дишењето по породувањето. Ретко, но можни се и случаи на помали хируршки рани во текот на операцијата.

 

Еднаш царски рез не значи секогаш царски рез

 

Закрепнувањето по оваа операција е индивидуално, а трае обично од една до три недели. Жените кои веќе имале царски рез не значи дека ќе имаат такво искуство и во следните бремености.

 

По претходно извршен царски рез можно е вагинално породување, но со зголемена внимателност пред крај на бременоста и во текот на самото породување. Исто така, по царски рез следната бременост (породување) треба да се планира дури по две години.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина