Вазектомијата и позитивните ефекти од неа
Вазектомијата или стерилизацијата според медицинскиот речник за цел има трајно спречување на зачнувањето. Се изведува кај мажите со подврзување на семеноводите, со што се блокира излегувањето на семето. Оваа постапка уште се нарекува и контрацепција. Иако често се заменува со кастрацијата, не е воопшто слична со неа. Постапката е безболна и брза. Мажот кој ќе се реши на овој оперативен зафат не треба да минува низ посебна подготовка. За да се изведе вазектомија, мажот треба да има навршено 35 години од животот, според Законот за здравствени мерки за остварување на правото за слободно одлучување за раѓање деца.
Самата постапка вклучува подготовка која трае помалку од еден час, најчесто до 20 минути. Целосно е безболна, бидејќи се дава локална анестезија, а закрепнувањето трае само неколку дена. Семеноводот се прекинува на самиот влезен дел кај скротумот, а отсечените делови се подврзуваат. Компликациите се многу ретки, помалку од 5%. Некои можат да добијат црвенило на местото кај резот, отекување или лесно крварење. Во овие случаи треба веднаш да се побара лекарска помош.
За да се утврди дека вазектомијата ја извршила својата задача, потребни се дополнителни прегледи. За целосна стерилност потребни се 15-20 ејакулации по операцијата, а се потврдува со испитување на 2 ејакулати, кои мора да бидат без сперма.
Операцијата и стерилизацијата се успешни во 99% од случаите. По операцијата, закрепнувањето трае само неколку дена. Можни се само краткотрајни болки. По излегувањето од болница, не треба некое време да се креваат тешки предмети. Тоа се и првите совети кои ги дава секој доктор на овие пациенти.
По вазектомијата – подобар секс
По завршување на оперативниот зафат вазектомија, и понатаму е можна ејакулацијата, па затоа при сексуалниот однос всушност ништо не се менува освен неможноста за зачнување. Многумина имаат потврдено како по вазектомијата сексуалниот живот им се подобрил, бидејќи не морале повеќе да се грижат за контрацепцијата. Мажот по вазактомијата може без проблем да постигне ерекција и оргазми. За време на оргазам и понатаму ќе дојде до исфрлање на ејакулатот, но во него повеќе нема да има сперма, т.е. нема да може да настапи бременост.
Кратко по зафатот потребно е и понатаму да се користи контрацепција, се додека докторот не му потврди на пациентот дека стерилизацијата е успешна. Секако, вазектомијата нема да штити од полово преносливи болести, па доколку мажт ги менува партнерките, контрацепцијат аи понатаму ќе биде потребна.
Вазектомијата го зголемува ризикот од рак на простатата
Истражувањата на американскиот Универзитет Харвард покажале дека оние мажи кои имале извршено вазектомија, имале за 10% пооглем ризик да добијат рак на простатата. Студијата била спроведена на над 50.000 мажи на возраст од 40-75 години од животот. Освен првите стадиуми, поголем е ризикот од најагресивниот и смртоносниот облик на оваа болест.
Истражувањето траело 24 години, а на него биле подложени и 25 % од мажите кои имале помалку од 38 години. Исто така потврдиле дека на развојот на оваа болест влијаат и тајмингот и притиокот на простатата, а тоа го создава вазектомијата. Компликациите и понатаму се многу ретки, така што речиси воопшто не се ни случуваат.