Секоја жена посакува да има тонирано тело и убав изглед. Посебно убави, извајани нозе. Ако до сега сте се мачеле за да изнајдете идеални вежби за обликување на нозете, имаме решение за вас.

Добро сте запознаени со исчекорите, а денес ќе ви претставиме една совршена варијација на оваа вежба. Се работи за исчекор наназад со пулсирачки движења. Пулсирачкото движење многу побрзо ќе ги придвижи и ќе ги загрее мускулите, но истовремено ќе ги тонизира нозете.

Како да ја изведете оваа вежба

Застанете со нозете во ширина на колковите. Рацете ставете ги на колковите. Држете го горниот дел од телото исправено и стегнете ги стомачните мускули. Со левата нога исчекорете наназад, а потоа двете колена свиткајте ги за да направите вистински исчекор. Од таа положба кревајте се и спуштајте се неколку сантиметри, правејќи пулсирачки ефект.

 

 

 

Тежината префрлете ја на десната петта и подигнете се во почетна положба, а потоа исчекорете со десната нога и повторете ја вежбата. Тоа претставува едно повторување.

За почеток, направете по 10 повторувања, а со зголемување на отпорноста на мускулите и на кондицијата зголемувајте го овој број.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина