Во нашиот организам живејат околу три милиони бактерии – за нашето здравје клучно е тоа што во тој систем преовладуваат добри бактерии. Сигурно досега имате слушнато за микробиомот, жив еко-систем од бактерии кои живеe во нашето тело и за безбројните предности кои тие ги носат со себе.

 

Еден систем за варење да биде здрав не зависи само од доброто варење. Пријателската микрофлора која се наоѓа во нашите црева, устата, на нашата кожа и на разни агли од нашето тело може многу брзо да не донесе до поздрав и позадоволителен живот. Пробиотиците во микробиомот не прават незапирливи, затоа што:

 

Го оддржува здрав имунолошкиот систем

Речиси 80% од имунолошкиот систем се наоѓа во нашите црева, таму каде што живеат во најголем дел корисните бактерии. Нивниот избор на дом не е случаен – овие мо, која селективно ги пропушта ,,добрите момци,, задржувајќи ги оние лошите, со убивање на штетните бактерии и преку подучување на нашиот имунолошки систем како дa реагира на разни иритирања, добрите бактерии во нашите црева работат напорно за да обезбедат имунолошкиот ситем да биде во најдобра форма.

Што значи тоа за нас? Ако имунолошкиот систем работи како што треба, штитејќи не од секакви ,,туѓинци,, можеме да се опуштиме и да тргнеме по своите соништа. Помалку болни денови и повеќе време за уживање во животот, што има подобро од тоа?

 

Обезбедува енергија

Без сомнение – за да можеме константно да работиме на своите професионални и лични цели, потребно е многу енергија. Но, со преполнетите распореди, бескрајните рокови и малкуто време за опуштање, многумина се потпираат на енергетските и кофеинските напитоци за поттикнувањето кое им е потребно. За среќа, нашите добри цревни бактерии можат да ни помогнат во одржување на секојдневните нивоа на енергија, без стимулансите кои неизбежно доведуваат до пад на енергијата и заморување.

Како го прават тоа? Прво и најважно, пробиотските култури во нашите црева помагаат да се разгради и свари сета храна која ја јадеме, така што можеме да ги асимилираме хранливите материи потребни за енергија. Всушност, без доволно добри бактерии кои учествуваат во варењето на храната, здравата салата која ќе ја изедеме за ручек само ќе помине низ нашиот систем за варење. Исто така, некои пробиотски бактерии дури произведуваат и витамин Б, кој е познат дека го намалува заморот. Нашата пријателска флора исто така соработува со клетките за да го избалансирала нивото на шеќер во крвта, така што одбегнуваме нагли осцилирања на нивото на шеќер во крвта.

Секако, тука е и квалитетниот сон, бидејќи сите знаеме како недостатокот на сон може негативно да влијае на нивото на енергија и на целокупното наше здравје. Корисните бактерии учествуваат во производството и регулирањето на невротрансмитерите и аминокиселините(како што се серотонинот и триптофанот) кои се потребни за осигурување доволно квалитетен сон за да можеме да се чувствуваме одморено.

 

Го подобрува расположението

Предноста на здравите црева е и доброто расположение. Многумина од нас го минуваат своето време одејќи од една до друга активност, без одмор. Ваквото живеење може многу брзо да доведе до стрес, анкциозност, депресија и други здравствени проблеми.

Бидејќи цревата и мозокот се поврзани, нарушувањето во кој било дел од нив може сериозно да делува на другиот. Цревните бактерии произведуваат повеќе од 90% серотонин, а пробиотиците можат исто така да го намалат нивото на кортизол (хормонот на стресот), да ја ублажат анкциозноста и депресијата.

Обезбедуваат здрава и убава кожа

Кога системот за варење може да ги апсорбира хранливит ематерии благодарение на пријателските бактерии и да се ослободи од токсините и хемикалиите, целото тело се чувствива здраво, а таква е и кожата. Од друга страна, кога има недостиг од пријателски микроби во цревата, кои се потребни за ефикасно одржување на варењето, едно од првите места каде ќе се материјализира овој проблем е токму кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина