Најголемата грешка која луѓето ја прават кога сакаат да ослабнат е што го започнуваат денот ,,на лева нога,,вели Сузан Пир Томсон, претседател на Институтот за оддржливо губење на телесната тежина. Во тие први мигови на будење се наоѓа темелот за изборите кои ќе ги направите во текот на денот, како и на секојд ен потоа, така што е многу важно да се постават добри навики кои ќе ги применувате секојпат кога сте се уште поспани и мамурни.

Ова се најчестите грешки кои можат да уништат повеќе од само едно утро. Погледнете како да ги регулирате.

 

1. Се преспивате

Веќе сме слушнале дека недостигот на сон може да предизвика зголемување на килограмите, благодарение на зголемените нивоа на хормонот кортизол во телото, хормон кој го поттикнува апетитот. Но, излегува сосема спротивното – премногу спиење исто така не е добро за вас. Една студија во списанието PLOS One  открила дека спиењето повеќе од 10 часа во една ноќ може да влијае на зголемување на БМИ споредено со оние кои спијат од седум до девет часа навечер.

 

2. Се облекувате во темнина

Ако ги држите ролетните затворени кога се будите, ја губите полезноста која ја има сонцето врз губењето на килограмите, вели една друга студија објавена во истото списание PLOS One.

Авторите на студијата тврдат дека оние кои стануваат на сонце рано наутро имаат значително понизок БМИ од оние кои не го прават тоа, без разлика на тоа колку јадат. Според оваа студија, само 20 до 30 минути дневно се доволни за да влијае на БМИ, дури и кога е облачно.

 

3. Не го местите креветот

 

Истражувањето спроведено од Националната фондација за спиење открило дека оние кои си го местат креветот, за 19% ќе имаат подобар ноќен сон, во споредба со оние кои не го прават тоа. И, со оглед на тоа што здравиот сон се поврзува со нискиот БМИ, зошто да не ја усвоите оваа навика? Ова можеби ќе звучи смешно, но Чарлс Духиг, авторот на книгата ,,Моќта на навиката,,, во книгата вели дека местењето на креветот наутро може да поттикне други добри однесувања, како на пример да си спакувате здрав ручек.

4. Прескокнувате да се мерите на вага

 

Кога истражувачите од Универзитетот Корнел следеле две години 162 доброволци, мажи и жени, тие дошле до заклучок дека оние од нив кои се мереле секој ден биле поуспешни кога се работело за губењето вишок на килограми и нејзиното задржување. А, најдоброто време за мерење е рано наутро, кога тежината ни е најмала. Не само што мерењето ќе биде многу точно, туку ќе бидете во можност да ги намалите бројките дури и повеќе од очекуваното.

 

5. Јадете помалку калории за појадок

 

Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив откриле дека оние кои јадат нискокалорични намирници и имаат избалансиран појадок кој содржи 600 калории од  протеини и малку слатко, поретко имаат напад на глад понатаму во текот на денот, за разлика од оние кои јадат самопо 300 калории за појадок. Исто така, првата група имале и пониски нивоа на хормонот за глад, грелин, по оброците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина