Уштипци од тиква и кромид
Состојки:
- 1 шолја изрендана сирова тиква
- ½ шолја рендан кромид
- 2 лажици пире брашно
- 1 лажичка пченкарен скроб
- сол
- малку маслиново масло, за пржење
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки да се поврзат. Дното од тавата прекријте го со маслото и со лажица вадете мали количини од смесата и пржете ги додека не се зацрвенат од двете страни.