Солта му е нужно потребна на нашиот организам, но кога се внесува во преголеми количини, може многу лесно да направи повеќе штета отколку полза, па затоа е потребно да се контролира нејзиното консумирање и да се задржите во рамките на дневните препорачани количини.

Податоците собрани во САД покажуваат дека испитаниците во храната самостојно за време на оброците додаваат дури 5% од вкупниот дневен внос на сол. Остатокот од дневната количина се однесува на преработената храна и храната подготвена во рестораните, покажуваат извештаите добиени со едногодишното следење на исхраната кај 450 испитаници на возраст од 18 до 74 години..

Вкупно, околу 90% од солта која ја внесуваме секој ден се консумира преку храната која не е подготвена дома, се вели во стручното списание “Circulation”. Според препораките кои се на сила во САД, девното консумирање на сол треба да се ограничи на 23000 милиграми. Повеќе од 80% Американци внесуваат многу поголеи количини сол од препорачаните, предупреуваат исражувачите од Универзиететот во Минесота, САД.

Редуцирањето на количината на сол е поврзано со намалувањето на ризикот за превиок крвен притисок и превенцијата на болестите на срцето и крвните садови.

Тагови: Исхранасол
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина