Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради што се сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се одличен извор на природни влакна, кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав се вистинска витаминска бомба, која можат да ја користат и децата и возрасните. Од анемија, висок крвен притисок, холестерол, па се до рак… речиси и да не постои болест која не може да се излекува со урмите.

Одличен извор на железо

Анемичните пациенти би требале да јадат што повеќе урми, затоа што се одличен извор на железо. Во 100 грама урми има околу 0,90 грама железо, што е за околу 11% од препорачаните дневни вредности. Железото, како дел од хемоглобинот во самите црвени крвни зрнца, го одредува транспортот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците.

Витамини за очи

Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат и ,,витамини за очи,,. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи ги потпомага клетките на епителот за добар вид и можат да го спречат оштетувањето на макулата, која се јавува во староста.

Помош при дијареја

Урмите содржат калиум, кој е корисен при запирање на дијареја. Освен тоа, урмите помагаат цревната флора што побрзо да се обнови. Со редовно консумирање, урмите ги олеснуваат цревите да создаваат ,,пријателски,, бактерии.

Лек за запек

Исто како што ја спречуваат дијарејата, урмите можат да помогнат храната побрзо и полесно да се свари и исфрли од организмот. Потребно е да се земат неколку урми и навечер да се покиснат во чиста вода. Во текот на ноќта, урмите ќе го испуштат својот сок, кој е одличен лаксатив, што ќе помогне за стимулирање на мрзливите црева.

Регулирање на телесната тежина

Поради големата количина хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на вишокот килограми. Ако на празен стомак се изеде една урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа не треба да се претера со нивното консумирање. Еден килограм урми содржи околу 3.000 калории.

Снижување на холестеролот

Урмите имаат способност да го намалуваат нивото на ЛДЛ лошиот холестрол. Затоа се одлична храна оние кои имаат висок холестерол.

Јакнење на срцето

Оние со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Навечер потопете ги урмите со семки во вода. Наутро тргнете им ги семките, смелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле преку ноќта и пијте го овој лек во текот на денот неколку пати, за да го зајакнете срцето.

Намалување на крвниот притисок

Урмите се погодна храна за оние кои патат од висок крвен притоск. Во себе содржат натриум, а богати се и со калиум. Една стандардна порција од шест урми дава околу 80 грама магнезиум, есенцијален минерал кој придонесува за ширење на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека околу 375 милиграми магнезиум може да го намали крвнот притисок.

Зголемување на сексуалната издржливост

Еден грст урми потопете го во козјо млеко и оставете ги да отстојат преку ноќ. Наутро измиксајте ги со млеко, додадете мед и кардамон и пијте го. Овој сируп можат да го пијат и мажи и жени, бидејќи го јакне телото и го зголемува нивото на енергија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина