Уреата во кремите за лице е веќе добро познат факт на коземтичкиот пазар. Оваа супстанција од урината ја влажни кожата, си стеснува порите, остранува акни и ја прави кожата поубава. Но дали имате слушнато за уринотерапија?

Позитивното влијание на урината врз здравјето и убавината на кожата е познато веќе илјадници години во алтернативната медицна. Пиење на сопствената урина, масажа со урина или облози од неа се само дел од таа пракса за зараснување на рани, при помош кај оштетена кожа, лекувањ дијабетес, астма, бубрежни каменчиња и многу други болести.

На Запад, уринотерапијата стана популарна во последниве дваесеттина години, коа почнаа да се објавуваат интересни книги на оваа тема, како што е она од авторката ,,Исцелување со урина,, од Ингеборг Алман.
Заговорниците на уринотерапијата тврдат дека човечката урина содржи протеини, минерали, хормони и ензими кои се потребни за самоизлекување на многу болести, посебно на оние поврзани со кожата. Така, облозите од првата (утринска) урина се препорачуваат за оние кои патат од дерматитис, егземи и псоријаза.

 

Уринотерапијата како метод за самоизлекување

Урината е полна со уреа, која се додава во некои емолиени за кожа при егзема и вакви состојби, но со оглед на тоа што бројот на бактерии забрзано се размножува по мокрењето, стручњаците тврдат дека не постои никакво оправдување за самостојно аплицирање на урина на кожата.

Следбениците и заговоници на уринотерапијата предлагаат и масирање со урина, со цел да се отстранат отровите од телото преку кожата, а тврдат дека таа може да се капнува и во носот со цел брзо прочистување на дишните патишта. Дел од нив тврди дека со урината може да се жабурка за моментално да се спаси човек доколку има болки во грлото или забоболка, а пиењето на оваа телесна течност се препорачува при лекувања оф некои сериозни болести како што е туберкулозата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина