Aкo некогаш сте се обиделе да ја намалите телесната тежина или сте љубители на фитнес и бодибилдинг,тогаш сигурно многупати сте се сретнале со поимот јаглехидрати и дилемите околу нивното внесување. За тоа колку се добри или колку се лоши, секој си има свое мислење ,но вистина е дека постојат и лоши јаглехидрати.За да ја разберете нивната улога во исхраната, ќе ви помогнеме со неколку информации.

 

Јаглехидратите познати како глициди или шеќери  се органски соединенија чии молекули се составени од три биогени елементи-кислород,водород и јаглерод.Тие се универзални и многу важни соединенија присутни во сите  живи организми. Во ќелиите, јаглехидратитесе јавуваат како главен извор на енергија, и се суштинска материја за градбата на клеточнат структура и лесно може да се складираат како придружен материјал. Постојат два вида на јаглехидрати: прости и сложени.

Простите  јаглехидрати или шекери се оние кои треба да се избегнуваат.Обично се наоѓаат во слатките,безалкохолните пијалоци и тестенините бидејки се направени од бело брашно.Овие јаглехидрати предизвикуваат брзо покачување на енергијата,поради покачување на крвниот шеќер во крвта.На овој начин, панкреасот лачи инсулин кој складира шеќери(обично се складира како маст)и се чуствува голема потреба за да се внесуваат слатки или јаглехидрати кои се повеќе ќе сакате да ги конзумирате.

Сложените  јагленохидрати обично се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житариците и интегралните тестенини. Овие јаглехидрати се оние кои се потребни и хранливи за телото и ќе ве држат сити подолго време.Важно е да се разбере дека овие јаглехидрати се разградуваат бавно  и на тој начин не предизвикуваат брз пораст на енергијата или зголемување на шеќерот  во крвта.

Јаглехидрати ,иако се главен извор на енергија- за време на физичката активност се трошат најпрви,па затоа е препорачливо да не ги конзумирате доколку не сте сигурни дека ќе ги потрошите (на пример во  вечерните часови).

Голем мит е дека јаглехидратите не се потребни во процесот на создавање мускулна маса.Точно е дека протеините ги хранат мускулите,меѓутоа доколку не постои друг извор на енергија ,телото ќе почне да црпи од протеините и со тоа нема да го постигнете саканиот резултат.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.