Болките поради проширените вени, испукани капилари и отекување на нозете стануваат поизразени како што расте надворешната температура. Чувството на тешки нозе се јавува посебно кај оние кои се принудени поради работата долго време да стојат или предолго седат. Со помош на едноставни движења и вежби оваа состојба може многу ефикасно да се ублажи.

 

Вежби

 

Кога ќе завршите со работата, приуштете си одмор. Против болките во нозете моѓат да ви помогнат ,,еж,, топчињата. Со нив најпрво измасирајте ги листовите од нозете. Потоа ставете ги под табаните и со стапалата движете ги во кружни движења. Онаму каде ќе почувствувате посилна болка, притиснете со стапалото. Потоа ,,еж,, топчето движете го напред-назад со стапалото.

 

Седење

 

Ако работата бара долго седење, советот гласи да се станува на секој час и да се шета. Никако не ги прекрстувајте нозете, бидејќи притисокот на едната врз другата нога го отежнува пртокот на крвта. Ставете нешто под столот на кое може да ги чувате нозете малку подигнати, и одвреме – навреме пружете ги во коленото со затегнати прсти ако не можете да станете и прошетате.

 

Стоење

 

Ако работата бара долготрајно стоење, треба почесто да ја менувате положбата на телото, префрлајќи ја тежината од една на друга нога. Важен е исто така и изборот на добри чевли, со потпетица не поголема од три до четири сантиметри. Не се препорачуваат сосема рамни ниту високи обувки, бидејќи не овозможува физиолошка состојба на стапалата. Обувките не смеат да бидат тесни, а посебно треба да се води сметка за тоа ремените да не прават сопирање на циркулацијата. Обувките треба да се од природни материјали, затоа што вештачките не обезбедуваат проток на воздухот, па може да дојде до претерано потење и прегревање на стапалата. Исто така, одбегнувајте и доколенки и чорапи кои стегаат.

 

Масажа

 

Еден од начините да се ублажи отокот на нозете е самомасажата. Со движења од скочните зглобови кон срцето се поттикнува циркулацијата. Тоа ќе доведе до намалување на отоците. За самомасажа многу ефикасни се геловите со ефект на ладење.

 

Облози

 

Навечер пред спиење на отечените зглобови може да ставите студени облози или да ги истуширате со ладна вода, така што млазот ќе го насочите во правец на срцето. Добро е за време на ноќта нозете да бидат подигнати барем неколку сантиметри над нивото на срцето, што многу ќе го олесни протокот на крв и ќе придонесе за намалување на отокот. Можете да ги ставите нозете на перница или перница да ставите под душекот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина