Самоизникнатото растение со ситни бели, миризливи цветови, познато како бозел, е вистинска ризница на корисни материи. Богата е со витамини, железо, натриум и калиум, а чајот од него е одлично освежување за време на високите температури. Од него се лековити речиси сите лекови, а од нив освен чај може да се подготвува и компот, џем, ликер, мелем, па дури и вино.

Бозелот спаѓа меѓу најстарите и најлековити растенија во Европа. Уште Хипократ велел дека неговиот цвет може да ги замени сите лекови. Цветот му е богат со етерични масла во кои има флавониди, гликозиди, хлорогенска киселина, танин и пектин, додека самиот плод содржи овошни киселини, шеќер, танини и витамин Ц. Сите делови му се богати со железо, натриум и калциум. Старите народи го користеле за лекување на жолтица, воспаленија, проблеми со варењето, женски болести, но и како заштита од зли сили. Покрај тоа, бозелот е познат по своето лаксативно дејство, што го прави одличен сојузник доколку сакате да ја забрзате диетата или ако имаше вишок течности во организмот, поради тоа што делува како диуретик. Неговиот цвет многу често се додава во мешавините на чаевите за чистење и детоксикација на организмот.

Како самоизникнато растение, бозелот може да се најде во шумите, кај урнатини, напуштени и необработени ниви и ливади, каде има влага, и покрај речните брегови. Од неговите цветови се развиваат зелени бобинки кои како што зреат стануваат сочни и добиваат црвено – црна боја. Сировите бобинки имаат непријатен вкус, но затоа компотот направен од нив е одличен.

Бозелот цвета од мај до јуни. Листовите, кората и коренот се собираат во пролет, цветот во јуни, додека се уште не е целосно расцветан, а бобинките се берат пред крај на летото, кога целосно ќе созреат. Надворешниот дел од бозелот се фрла, се користи само неговиот внатрешен дел, кој е зелен. Цветовите се сушат на хартија или нанижани на конец.

Предупредување

Незрелите плодови, листови и кората кај возрасни може да предизвика мачнина, повраќање, проливи, треска, вртоглавици и грчеви. Болните со слабо срце треба да бидат внимателни со терапиите за поттикнување потење.

bozel11

Чај од цветовите на бозел:

Набраните цветови треба да се остават неколку дена на суво и темно место да се исушат. Две лажички исушени цветови се прелеваат со четврт литри врела вода и потоа се процедуваат по десеттина минути. Чајот се пие полека, во мали голтки во текот на целиот ден. Овој чај е одличен за настинки и грип, за стопирање кашлица, бидејќи ја чисти крвта, ја стимулира работата на потните жлезди, односно го поттикнува потењето и ја намалува температурата.

Чај од листови од бозел:

Со 2 дл. се прелеваат 7-8 листови бозел, а потоа се оставаат на тивок оган да варат осум минути. Се процедуваат, се задладуваат со мед и се пијат пред јадење. Овој чај е одличен борец против хемороиди. Можат да се ставаат од него облоги директно на хемороидите, навечер по туширање. Се држат половина час.

Освежителен чај од бозел и липа

Освежителниот чај од бозел е одличен против треска, посебно кога е комбиниран со липа. Освен тоа, чајот од бозел го поттикнува излачувањето на урината, може да помогне при некои тегоби, ги чисти бубрезите и ги јакне зглобовите и коските. Покрај тоа, уште и ги ублажува воспаленијата на дишните патишта, го раствора шлајмот и ја подобрува споособноста за филтрирање на бронхиите. Сокот од бозел е одличен и за успешно спречување на ,,пушачката,, кашлица, се бори против дијабетисот и спречува запек.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина